Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам да се помирам со фактот дека Бускетс и Роберто ќе играат прва постава сезонава :tapp: не се склони на повреди, првиов ко гума е, шлепер да го смачка ќе стане со смешкање, никогаш во живот не е повреден. Ништо не ги вади од состав :toe:
Биди искрен, што грешки имаше Роберто овие 2 утакмици?
А и кој да игра друг коа неаме десен бек :icon_lol:

Тепаме 2 утакмици прилично тешки без примен гол и пак имаме замерки. :D
 
Кутињо :drk: Ко Кака у најдобри денови да го гледам.
Нето против екипи ко Селта и Виљареал гол не прими. Ко препородени се сите.

Фати немам коментар, не е нормално шо праи не е!
 
Биди искрен, што грешки имаше Роберто овие 2 утакмици?
А и кој да игра друг коа неаме десен бек :icon_lol:

Тепаме 2 утакмици прилично тешки без примен гол и пак имаме замерки. :D
Немаше некој тежок предизвик досега, но и ништо не направи, придонес во напад нула. Другите екипи имаат бекови што ораат, се надевам дека Дест ќе се покаже одма.

Рано е да се оценува, моментално делува дека сме подобрени, но впечаток од две утакмици не се носи.
Автоматски споено мислење:

Кутињо :drk: Ко Кака у најдобри денови да го гледам.
Нето против екипи ко Селта и Виљареал гол не прими. Ко препородени се сите.

Фати немам коментар, не е нормално шо праи не е!
Неверојатна промена кај Кутињо, се надевам дека ќе продолжи вака, изненаден сум. Прочитав дека фрлил мускулна маса, можеби тоа е клучот. Френки исто треба да се набилда како Горецка, да се стероидизира :D
 
Мора да бидеме задоволни од ова вечер. Лесна победа и доминација цел меч, не се ни осети играчот помалку во второ полувреме. Последните 3-4 години после тесно водство и црвен картон обично почнуваше канцер фудбал. Добро почна сезоната, 6 бода и гол разлика 7:0 против незгодни екипи. Сега во недела со Севиља е првиот голем предизвик. Ако и тука изиграат како што треба оптимист сум, барем за Ла Лига.

Бускец убаво што истрча највеќе ама па лошо е што сигурно тоа нема да биде често, а со ова најверојатно си обезбеди прва постава против Севиља. Ќе почекаме изгледа да го видиме Пјаниќ во прв тим.

Групата во ЛШ сосема добра. Не би требало да има никакви проблеми за 1/8 финале. Едино со Јувентус да се бркаме за прво место. Не изгледаат нешто многу убедливи и тие, добар момент е да играме против нив, да видиме до каде сме. Динамо може да направи проблеми дома, на Кампот не би требало. Со Ференцварош очекувам лесни шест бода.
 
Реално треба да ги почастиме овие од Баерн што не издишаа. Сигурен сум дека немаше да се десе оваа промена, да не беше таков поразот.
Во еден прелазен рок си отидоа 3 играчи од 33 години со високи плати, а дојдоа Педри, Дест, Тринкао, се врати Кутињо предобар, ги промовиравме Араухо и Фати.
Направи топ баланс во екипата.

Гарсија од Сити ич не го сакам, ама затоа сакам да дојде Депај, ќе имаме опција плус за 9ка. Дембеле не сакам да си замине.

У секој случај ќе биде интересна сезона, после овие 2 утакмици добив надеж за трофејче, макар и купот.

Visca El Barca!
 
Не знам за вас, ја очекувам триплете сезонава :icon_lol:
 
Да дадам свое мислење:Селта одсекогаш била незгодна,барем за Барса со тој,и фактот што Барса имала секогаш мака и тој негативен скор каде што Барса нема победа од 2015.Пред се имам пофални зборови за Куман,иако добро знаме дека не се мерило две утакмици па да дадеме одма мислење,сакам да кажам дека Куман го врати пресингот,поставени доста високо,во овај систем штоперите се поставени доста високо,на некој начин на средината на теренот,и стално се изложени да прават офсајд замки,да се сконцентрирани да не се уфрли некој од втор план,тоа сите го знаеме,АМА НЕсвојствена е грешката на Ленглет,на 2:0 свесно знаеш дека си последен играч (Плус жолт картон) и правиш фаул,и нормално црвен после,пологично незнам што,премногу аматерски/почетнички за играч кој игра прва постава.Кога го доби црвениот картон Ленглет,сите мислевме готово водиме 1:0 и Валверде тактика сега ќе ја браниме,ама не......КУман интелигентно го истаде Гризман (повторно најлошиот поединец на теренот) и го стави Араухо,каде што со играч малце повторно Барса напаѓаше и редеше шанси,како заврши првиот дел,така почна и вториот каде што сите мислевме во вториов дел 2:0 ајде Валвере тактика,ќе паркираме автобус и нека напаѓаат,ама уште повеќе Барса напаѓаше и редеше шанси,рано е да се зборува уште одсега,само ова е патот по кој треба да се движи тимот,ако Куман настави вака,со убавата игра за око,и повеќе ротации секако,само треба некои финеси да се средат,и затоа ќе се сложам со некои членови погоре,Гризман и Роберто втор натпревар изгубени,доста грешки и на Бускетс,ама прашање е дали Пјанич може да изигра 90-Минути со ова темпо,се надевам дека Дест перфектно ќе се вклопи во овај систем.
 
ЛШ првата против Ференцварош на 20ти, втора Јувентус 28ми, трета Динамо Киев 4ти Ноември па реванш со истите на 24ти, 5та со Ференцварош на 2ри Декември и последната Јувентус на 8ми Декември.
 
ЛШ првата против Ференцварош на 20ти, втора Јувентус 28ми, трета Динамо Киев 4ти Ноември па реванш со истите на 24ти, 5та со Ференцварош на 2ри Декември и последната Јувентус на 8ми Декември.

Сакав против Јувентус да биде трето и четврто коло ама што е тука е. Вака првата утакмица ќе биде интересна ама во последното коло ако и двете екипи се веќе поминати ќе калкулираат и ќе играат со втори состави.
 
Од излезни трансфери можни се уште Тодибо и Рафиња, вториов шансата за заминување е 0.1%, првиот е поверојатно. Барса и Фулам се договорија за 18 милиони, ама Тодибо не сака засега да оди таму, го убедуваат. Ако замине тој ќе ја покачат понудата за Гарсија и то е то од трансфери.

Огромна штета за Депај што не успеавме, можеби следната за нула ќе го земат. Ќе фали деветка во текот сезоната сигурно, со тенџерето Гризман ќе треба да крпиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom