Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Доволно е што го нема отпадокот.
Реално во еден преоден рок не можеш да избркаш 15 души.
Ракитич, Видал, Умтити и Суарез сите сакавме да си одат. Овие 4 се доволно за овој преоден рок.
Наредна година очекувам Бускетс, а Пиќе 4ти штопер со минимална минутажа.

Него што ќе се праи Вагуе, Рафиња и остали, никој не ги сака.
Ако дојде Депај, Бредвајт ќе мора да си оди, ќе имаме 8 офанзивци за 3 позиции.

И нека купуваат побрзо, кој кур им е.
 
Доволно е што го нема отпадокот.
Реално во еден преоден рок не можеш да избркаш 15 души.
Ракитич, Видал, Умтити и Суарез сите сакавме да си одат. Овие 4 се доволно за овој преоден рок.
Наредна година очекувам Бускетс, а Пиќе 4ти штопер со минимална минутажа.

Него што ќе се праи Вагуе, Рафиња и остали, никој не ги сака.
Ако дојде Депај, Бредвајт ќе мора да си оди, ќе имаме 8 офанзивци за 3 позиции.

И нека купуваат побрзо, кој кур им е.
Претешко ќе биде Суарез и Умтити да си одат. Едвај Видал со молење со колење ко избркаа, со недели чекавме, а беше далеку помал проблем од овие, со многу помала плата. Суарез инсистира на цела плата, нема шанса да му ја исплатат, а имаше инфо пред некое време дека нема проблем тој и да седи на трибина само да ги земе парите. Умтити уште три години договор, евентуално да влезе во некоја зделка за Депај, ама и тој не се откажува од парите, ќе дреми на клупа поарно, а и Лион не можат да му дадат толкава плата. Се си мислам дека и двајцата ќе останат.

Овие Ваге, Рафиња би требало побрзо да бидат решени, макар и без никаква отштета.

Ако во некој случај замине Суарез тогаш ќе одат по Депај, иначе тој е тимот во однос на нови играчи. Пјаниќ, Тринкао и Педри, а и Кутињо како старо-нов. Со оглед на тоа што Педри ќе остане во прв тим, ќе добие бројка наскоро, а Вајналдум пропадна, не се очекува нов играч во среден ред. Бускетс, Пјаниќ, Де Јонг, Кутињо, Пуиг и Педри е средниот ред. Одбраната пак останува нечепната.

Јебига ќе треба неколку добри трансфер рока да се среди работата, со оваа управа доволно е да не се направи повеќе штета додека не заминат.
 
Исто и Алења ќе остане... :confused:

Човекот се труди, трча, се океј, али реално не е Барса материјал. Најдобро му е во некој второкласни тимчиња како Бетис лани.

Едино од него, Рафиња и Тодибо можеме да извадиме некој динар.

Со Гарсија, Депај и Тиаго, ма да третиов не ми се верува пошо Куман не го сака, ја би бил презадоволен.
 
Го заборавив Алења, далеку од калибар за Барса. Единствено позитивно кај него е што трча ко коњ и секогаш е мотивиран за игра, но крајно ограничен играч.

Иначе и Алаба не го продолжува договорот со Баерн, штета што сме во ваква ситуација, со безмозочна управа и без скршен денар. Какви локуми можеше да се соберат годинава за ситна пара, за помалце од 100 милиони можеше да се купат Депај, Тиаго и Алаба. Ако пак се земе во предвид дека фрлавме и по 150-200 милиони ќе можеше и Дест и Гарсија ко ништо. Ај ако не продолжат договор и ако не заминат во друг клуб следната управа ќе може фри да ги земе :D
Автоматски споено мислење:

:vozbud: @NeymarJunior
 
Последно уредено:
Не знам дали е реално ова што се случува, дали е ова клубот за кој почнавме да навиваме, не ми се верува. Таман ќе помислиш нешто тргнало на подобро, читаш Депај од решена работа, не може да дојде зошто прво треба да се направи профит од 60 милиони од продажби, што никогаш нема да се случи. Втора вест, пропадна собирањето на потписи за бркање на барто. Трета вест, Видал не лета за Милано, се искомплицирал трансферот на Годин и цела работа е блокирана. Четврта вест Суарез останува, Куман му рекол дека ќе смета на него. И капак на се ова. Во еден ден. Уште да прогласат стечај остана, то ќе е попозитивно од сето ова.
 
Уште подобро, не сакам Депај да дојде! Фати во прв тим!
Суарез наредна сезона му завршува договорот.
 
Не е толку битен Депај, колку што неговото доаѓање ќе значи дека копилето најгнасно Гомнарез терен нема да помириса. Но, нема теоретска шанса да се купи било каков играч, клубот е банкрот, а не може да продаде играч за поголема сума од три кила јаболка. Многу потешки времиња доаѓаат за клубот од што можеме да замислиме, некое Валенсија сценарио е се поблиску.
 
Меси супер асистенција и предобар гол со десна нога.
Лошо е што и на пријателски натпревар не можеме без примен гол..
 
Би го здрвил Суарез на трибина без никаков пардон, незнам зошто се толку меки и во управа и овој Куман. Ич ич ич немам добро чувство за Куман, осеќам дека ќе испадне поголем бот и од Валверде+Етиен заедно. Пратете му говор на тело и погледи на пријателската, мислам дека воопшто не е свесен каква позиција држи.

Не само шо би го ставил на трибина, би му забранил и тренинзи ако е можно по правила. Буквално ќе го изолирам од клубот, тотален странец.
 
Screenshot_2020-09-16 Barcelona - Girona(1).png

Одлична е оваа формација на Куман со два ДМФ, останиот дел од средина и напад може да се комбинира а конкуренцијата е голема- Меси, Кутињо, Тринкао, Педри, Гризман, Дембеле и Фати.
Имам надеж во Куман дека конечно ќе се погоди формацијата во пост Иниеста-Чави ерата.
Де Јонг и Пјаниќ ќе бидат стартери најверојатно а Бускец и Пуиг ќе ротираат. Се надевам дека на овој начин ќе се затвори дупката која се создава на десен бек каде што е Роберто кој би имал поддршка од Пјаниќ во дефанзива.
 
@Rigil формацијата може е добра, ама вака поставени Кутињо Меси и Гризман не можат заедно да играат.
 
@Rigil формацијата може е добра, ама вака поставени Кутињо Меси и Гризман не можат заедно да играат.
Гризман е вишок само поради Меси. Но има простор да се воиграат ако секој си ја знае позицијата. Конечно Меси е означен правилно со неговата позиција на терен. Онаа "лажна" 4-3-3 формација изминативе години со Меси како крило беше само на хартија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom