Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
За 15 мин 2 пречки и 1 статива.
Го нема ракитич,одма шанси,стативи,пречки,шутови,глави,
макази,сакута
Рики алал вера,се упиша и во асистенции,така газии само иднината е твоја;)
 
Puig вторава асистенциј, во 99% од случаевите другиве играчи би подале на Messi и не би го приметиле Semedo.
Малиов подаде на Semedo, бидејќи беше во подобра позиција, браво..
 
Ако го купат овај Лаутаро нека се угасат комотно, пак 100 милиони :pos: Мунир е Меси за овај, без зафрканција, голема превара од играч.
 
Настрана што се спремни пак да лупнат 100 милиони за играч па уште како резервна варијанта почнаа да се вртат шпекулации за Габриел Жесус... Не знам, никогаш овој не сум го сметал за класа напаѓач. Ако не направат ремонт на средниот ред и тој само ќе се претопи во сивилото...
 
Нека не се губат само пари трошат, 400милиони за 3јца играчи, едн на позајмница, еден во болница цело време и еден што игра неприродна позиција.
Подобро со младинци да играме.
 
Настрана што се спремни пак да лупнат 100 милиони за играч па уште како резервна варијанта почнаа да се вртат шпекулации за Габриел Жесус... Не знам, никогаш овој не сум го сметал за класа напаѓач. Ако не направат ремонт на средниот ред и тој само ќе се претопи во сивилото...
Да не е опкружен со такви играчи како во Сити чист бот е тој. А за стопер онаа бруката Гарсија што играше прва против Арсенал, не би го пуштил ни по бурек, ќе се загуби по пат.

Дилемата е само дали до толку немаат појма од фудбал или нарочно го прават ова. Душман на Барса да си нема вакви потези да правиш.
 
Овај преоден рок трансфер 90/100 или над 100 милиони за играч (кој сака нека е) нема шанса,клубот е во толкава финансиска криза,што освен Пјанич,и капарениве Тринкао и Педри,транфери скоро и да нема.Цело време се тегнат со Лаутаро,дека немаат пари,да вклучат некои играчи во зделката,ама колку е управава флексибилна,и како што се гледа,ке се посерат,и освен Пјанич ништо нема да земат друго.
 
Да пропадне Лаутаро и некако да го земат Обамејанг, којшто не сакал да го продолжи договорот со Арсенал, ќе е добро.
 
Не е лошо решение Блан. Да бидеме реални моментално и нема многу слободни квалитетни тренери. Има искуство од големи натпреварувања плус е бивш играч на Барса па познато му е како функционира клубот. Како и да е веројатно не може да биде полошо од Валверде и Сетиен...
 
Така викавме и за Сетиен после Валверде :D
 
Има некои муабети низ шпанскиве медиуми дека Милан се во напредни преговори со Барса за некој ваш играч Емерсон шо игра у Бетис, знам дека игра десен бек момакот, добар е?
 
Добро е што има

Овој со Бордо има земено 2-3трофеја, ама 4години нема тренирано екипа..

Има една титула во Франција со Бордо и три со ПСЖ плус неколку купа. Беше и селектор на Франција.

Да не се разбереме погрешно, не викам дека е најдоброто решение. Ама да бидеме реални освен Покетино кој нема да дојде од познати причини нема некој квалитетен слободен тренер. Други опции би биле тренери од младинските категории или второкласни решенија како Сетиен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom