Ај да се преброиме со што располагаме на 11те позиции.
Голман: Тер Штеген, Нето;
Десен бек: Семедо, Ваге;
Стопери: Пиќе, Умтити, Ленгле, Тодибо;
Лев бек: Алба
Средина: Бускетс, Ракитич, Видал, Артур, Де Јонг, Алења, Пуџ, Роберто, Рафиња;
Напад: Меси, Гризман, Суарез, Дембеле, Кутињо, Малком.
Од тоа што е актуелно според последните информации, од клубот ќе си заминат Рафиња и Малком.
Во средината и онака имаме премногу играчи, најдобро за Рафиња е да си замине.
Роберто го пишав во средината, затоа што Валверде изјави дека Семедо ќе игра десен бек, Ваге ќе биде промовиран во првиот тим, а Роберто ќе игра во средината.
Најтенки сме на лев бек. Тоа е приоритет изгледа и кај управата од тоа што го читаме деновиве. Ме радува тоа што се бара играч од профилот на Жуниор Фирпо од Бетис. Млад играч, што значи дека се мисли на иднината на таа позиција.
Мене искрено најголема енигма ми е Кутињо. Дечкото при ваква конкуренција во средината нема шанси да биде првотимец. Тоа значи дека доколку игра, ќе игра на крило. Но, треба 2ца од Гризман, Суарез и Дембеле да седат на клупа за Кутињо да игра прва постава. Значи има две опции: или Кутињо ќе влегува главно од клупа или ќе си оди. Со оглед на тоа дека трансфер периодот во Англија завршува за една недела, а нема знаци дека Кутињо ќе оди натаму, единствена опција останува ПСЖ. Но продажба на Кутињо во ПСЖ може да се случи само ако во спротивна насока дојде Нејмар.
Премногу компликации, уште не се знае како ќе изгледа тимот наредната сезона. Не се знае дали Кутињо останува или си оди. Не се знае дали нашиве ќе пробаат да го вртат бразилскиот циркузант Нејмар.
Еве според мене како ќе изгледа тимот наредна сезона (како мислам дека ќе изгледа, не како сакам јас да изгледа) :
МАтШ
Семедо - Пиќе - Умтити - Алба
Ракитич - Бускетс - Де Јонг
Меси
Гризман - - - - Суарез