Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Па тоа ми е мене, Валверде баш дека е на клупа Кутињо среден ред не глеа, ете нели и као демек ке му даделе прва постава на Семедо а Вагуе замена за бековска позиција а Роберто у среден ред, плус и Артуро Видал што ке го убие ако не игра прва постава. А ние сите сакаме Кутињо - Артур - Де Јонг. Мора да има некоја добра чистка само незнам што чекаат.
 
Дембеле и Кутињо не си одат по никоја цена, од зборовите на управата. Некој ќе спие на клупа следнава сезона како што стојат работите, а неретко и на трибина.

Останување на Дембеле и Кутињо со доаѓање на Нејмар е невозможно. Од една страна Бартомеу им гарантира останување на двајцата, од друга го контактира псж за Нејмар, ела сфати го :toe:
 
Малце да се отргнеме од проблемите,трансфери и разни курци палци.
Не ми се верува низ годиниве колку пати ги пониживме Мадристите,да се мотивираа вака на секоја утакмица кај ќе ни беше крајот.:drk:
Реално доминираме со нив во меѓусебни дуели,последни 4 гостувања на Бернабе ги мочаме.:jeeee:


Уживајте:
https://www.youtube.com/watch?v=DBAoQTu6ulk
 
Овие Евертон наша филијала во Англија ги направивме. :icon_mrgr: Сите играчи што не добија минутажа во Барса ги пративме во Евертон. Мина, Дињ, Андре Гомеш...
 
Овие Евертон наша филијала во Англија ги направивме. :icon_mrgr: Сите играчи што не добија минутажа во Барса ги пративме во Евертон. Мина, Дињ, Андре Гомеш...
Само нив ги поштувам, единствени што плаќаат добри суми за наши играчи, а и им се погодија реално, Дињ особено изгази. На Малком ептен ќе му одговара англиска лига, еден-два пас фурај до корна и нафрли.
 
Штета за Малколм, колку малку и да влегуваше и тие шанси што ги доби повеке самодоверба имаше од Кутињо, и дриблаше и имаше муда сам да превземе нешто и да шутне. Криминал е ова од странава на Валверде што му го прави 2-3 гола даде и се расплаче дечкото... Дефинитивно ке го биде у Евертон и за некоја година ке го земе некој од Јунајтед или Арсенал.
 
Barcelona, with six players, is the team that contributes most to Spain's U19 side. Tenas, Miranda, Jandro, Sanz, Marqués and Ruiz are all called up. [fcb]
 
Овие Евертон наша филијала во Англија ги направивме. :icon_mrgr: Сите играчи што не добија минутажа во Барса ги пративме во Евертон. Мина, Дињ, Андре Гомеш...
Со ваква лоша "трансфер политика" стадионот нема да го реновираат уште 10 години и се плашам дека на долг рок особено во пост Меси ерата ќе бидеме многу неконкурентни на Реал.
 
Со ваква лоша "трансфер политика" стадионот нема да го реновираат уште 10 години и се плашам дека на долг рок особено во пост Меси ерата ќе бидеме многу неконкурентни на Реал.
Многу треба да се работи на продажба на играчите, ист тип играчи реал ги продава по 3-4 пати повисока цена. Ама за тоа да се случи треба прво медиумската машинерија да не јаде многу лајна за играчите, на пример матер му ебаја на Кутињо, како сакаш некој да го купи, таква лоша слика направија за човекот што никој не би го зел. Прати какви оцени му даваа бразилските медиуми за настапите на Копа, 8-9, а спорт и мундо 0 му ставаа. Да се дава шанса на резервите во ревијални утакмици каде што ќе блеснат и ќе бидат воспевани од медиумите итн. Маркетинг да им се прави како да се којзнае колкави ѕвезди, наместо да пишат дека нема никаква понуда за играчот, ќе пишат дека го бараат најаките тимови итн. Значи на такви нефудбалски работи мора многу да се работи.
 
Де лихт е завршена приказна мислам јас,високата плата и провизија за Раиола си го направи своето,од друга страна ова меѓу Барса и Атлетико за Гризман наликува повеќе на психолошка војна,(Кој прв ке попушти),на Барса им се брза да ја платат клаузулата,да го официјализираат,да помине лекарски прегледи,за веќе во понеделник да почни со тренинзи,од друга страна и Атлетико им се брза,бидејќи треба да ја платат ратата за Феликс,.......АМА.....По се изгледа Барса ке попушти бидејќи времево е доста кратко,цело време работат на тоа, како да го изведат активирањето на клаузулата.Од друга страна за Нејмар граничи со НЕВОЗМОЖНОСТ,ќе треба многу коцки да се поклопат,и жртвување на 2-3 играчи КОИ НЕМААТ АБЕР ДА СИ ОДАТ,сега глуми некое лудило тој во предсезонава за на Псж да им дојди преку глава,фрла искри некои во медиумите,не се појавува на тренинг,ама можи ова да трае пример до 15,и да си се врати на тренинзи.Скоро сме на пола преоден рок и (Како по обичај) Во Барса незнаат кај тераат,па........Ростерот не е НИ МАЛКУ скроен,засега немаат никој абер за да си одат,не се знаат ни самите во управава што прават,нити Валверде да знае дефиниран ростер па да прави формации тактики (Ако веке ги има уште),иако јас со овај тренер немам некои големи очекувања за нареднава сезона (Поготово за Лш),се виде дека тоа е преголем залак за него,мада и лигава ако овај Реал т.е Зидан направи интересна гала 11-ка,со добра тактика,формација,можно е и лигава да ја земат поготово кога Реал стагнира во Ла лига изминативе 6-7 години
 
Се повеќе сум сигурен дека Нејмар нема да дојде. Ми се чини, а и такви гласини стигнуваат, дека од управата пополека се тргаат од целата работа. Изгледа сега за сега само ќе пратат што се случува во ПСЖ. Овој сигурно ќе прави уште мајмунлаци за да го пуштат да си оди па ако зоврие ептен работата нашиве ќе пробаат да го лапнат. Само до тогаш веројатно ќе фати крај на август па кој знае дали и ќе има време и можност да се реализира таков трансфер. Може па циганот ќе си издејствува подобар договор со ПСЖ и ќе си ќути барем до наредното лето.

За Гризман мислам дека сепак брзо ќе се заврши работата. Преголема бламажа ќе биде ако после толку натегања пропадне трансферот. Со ова раководство веќе ништо не изненадува ама сепак мислам дека за 2-3 дена ќе ги соберат парите и ќе ја платат клаузулата.
 
Состаноците на нашава управа веројатно изгледаат како состаноците на дрвата од ЛОТР.


Доаѓа 1ви јули тргнуваат од домовите на состанок, стигнуваат на 3ти јули, пијат кафе до 5ти, почнуваат да размислуваат, до 7 заклучуваат дека Гризман треба да се купи, до 9ти планираат како да го купат, на 10ти им текнува дека за тоа треба да земат заем од банка и почнуваат да бараат. До крај на месецов ќе ја активираат клаузулата, можеби.

Наместо да си ги спремиш паричињата, да си ги изгланцаш кондурите и сакото ко господин на 30 јуни и на 1ви во 7 сатот одиш во федерацијата и фино лепо ја активираш клаузулата, им оставаш пусулче на кое пише еби се Церезо и си заминуваш.
 
подобро да се земи дисциплинираниот Грижман отколку малото детенце Нејмар и да се задржат Кутињо, Малком,Дембеле па да се воигруваат во некоја си 4-5-1 формација со згусната средина и отворање по крила

ако сака и во задрид нека оди самобендисаниот, направи голема штета по тимот со неговото его кога го напушти клубот, зошто би му се дала втора шанса и од каде гаранција дека на полусезона нема да се преправа дека е повреден и да бара друг проект каде тој би бил главен..........се гледа дека е психо и голем егоист, подобро подалеку од Барса
 
Клаузулата е платена попладнево преку трансфер од банка, но ла лига работи до 16:00, па ќе биде одобрена утре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom