Брат жити се ти се молам каква грешка на деценијата, Де Лихт ако имаше карактер ако знаеше шо сака од себе во животот, АКО знаеше дека БАРСЕЛОНА е многу поголем клуб од Јуве и ПСЖ, ако знаеше дека Раиола е гомно одамна ќе беше завршена работа. Што овде ти згреши управата и клубот не знам, на нас никогаш нема да ни е угодено, сеа Гризман потпиша (за што не веруваа 50% од фановите дека ќе се случи) и ќе зборуваме за Де Лихт. Де Јонг според мене е многу позначаен играч и ЌЕ БИДЕ од голема важност за тимот наредните години, за разлика од Де Лихт, кој реално игра добро за негови години, но направи некој киксови кој првооделенче не ги прави и неговиот напредок е СПОРЕН во најмала рака.
За Нејмар несакам да коментирам воопшто, никогаш нема да заборавам како не напушти. Правило е после дупчење нема каење, и мислам дека и во врска со него треба да важи ова правило. Го имаме Дембеле кој е супер перспективен и верувам дека ќе ги надмине повредите и ќе почне да гази по терен. Потенцијал има огромен. Од друга страна со Нејмар е уште поголем ризик ако ги гледаме повредите, затоа што тој дефинитивно е почесто повреден и од Дембеле, а годините веќе му одминуваат.
Се сложувам од А до Ш,ама работите се такви што платата и високата провизија за Раиола си го направија своето,нема да ми беше криво ако заминеше Де лихт пример во Сити Баерн,па и Реал,зошто се тимови кои играат многу сличен стил на игра на Барса и на Ајакс секако ,ама Јувентус е многу далеку овај стил на игра,АМА парите си го направија своето,нема шанси управа од Барса да му даде плата 16-17 милиони колку еве Гризман,Суарез некој што се да кажам во вториот кош,само се надевам дека НЕМА и тој како Нејмар после една година да цвичи за да дојди во Барса,бидејќи враќањето нема да биде нималку лесно,кое како што се зборува со клаузула поставена од 150-Милиони.За Нејмар во главно све е речено,тешка и сложена операција,која опфаќа многу пари,а и доста играчи......Играчи кои немаат абер да си одат,ама наредниве 7-8 недели ке видиме во кој правец ќе тргнат трансфериве.


она што Кики фанбојс никогаш нема да го разберат.