Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Фудбалов ти е болен спорт,може да те направи најсреќен па да те фрли во очај...

Искрено жалам што уште како дете од 5-6 години баталив и цртани и све,се заљубив во фудбалот,уште повеќе во Барса...
Колку пати немам искочено само за да ги гледам,колку ноќи непроспиени заради глупости.

Кај мене дома не сум им јасен бидејќи не гледаат фудбал,само тие што вистински го следат спортот ќе ме разберат.

Ама кога еднаш ќе тргнеш нема назад,може кога сум нервозен ќе речам не гледам веќе,и до тоа се држам до следен натпревар само...

Незнам ни што мислам више ни што пишувам.

Преку Кур више!
 
Лани се тешевме дека не е тренерот крив. Играчите биле уморни. Ахам да.Сезонава ротации се правеа, за 14дена 2утакмиви имавме, Liverpool 4 утакмици имаа. Испадна сега дека не е до уморот туку до ТАКТИКАТА за чување резултат.
 
Дебакл што ке не обори неколку скалила подоле . Истрошени играчи си го ладат на терен и трењер што има капацитет да води екипа што се бори за опстанок. Одбраната кататрофа невидена , средниот ред уште покатастрофа. Треба млади и брзи играчи не црева што се влечат по теренот. После ваков дебал очекувајте и Меси да си оди.
Ваква шанса за освојување ЛШ еднаш на 10 години се повторува.
Срам да им е!
 
Не е дека изгубивме во последната минута. Тренерот имаше повеќе од 30 минути да направи промени кои што беа неопходни. Лани во Рим бевме катастрофа 90минути, овде само 45 ама сепак епилогот е ист.
 
Фудбалов ти е болен спорт,може да те направи најсреќен па да те фрли во очај...

Искрено жалам што уште како дете од 5-6 години баталив и цртани и све,се заљубив во фудбалот,уште повеќе во Барса...
Колку пати немам искочено само за да ги гледам,колку ноќи непроспиени заради глупости.

Кај мене дома не сум им јасен бидејќи не гледаат фудбал,само тие што вистински го следат спортот ќе ме разберат.

Ама кога еднаш ќе тргнеш нема назад,може кога сум нервозен ќе речам не гледам веќе,и до тоа се држам до следен натпревар само...

Незнам ни што мислам више ни што пишувам.

Преку Кур више!
Точно друже..срцето забрзано ми чука од 79 мин еве уште.. нз дали и ке заспијам..
 
Беа на само 2 утакмици до тој трофеј со предност од 3гола....
@Alkatrazo , исто ми се случува и на мене... Тешко дека ке заспијам.
 
Овие трауми никогаш нема да ги заборавам. Колку повеќе пробувам да размислувам смирено, толку повеќе ми се крева притисокот.

Не знам што повеќе да кажам сега, освен дека не сакам повеќе да ги гледам во дрес на Барселона: Бускетс, Ракитич и Суарез. Фала им на се, премногу дадоа на овој клуб, посебно првиот, ама дојде време да летаат.
 
Абе, не е само играчите да ти бидат добри, треба многу повеќе од тоа, треба менталитет победнички да всадиш. Звучи како клише ама така е.
Не дека нашиве немаат менталитет и искуство, повеќето се со еден куп титули освоени, ама оваа мутавава будала од тренер им го еба секој победнички дух што го имаа, све урна типов со неговата филозофија и со неговиот менталитет.

Значи никаква ментална припрема нема од негова страна, се кладам у тоа, за разлика од Клоп кој терминатори ги има направено неговите играчи, иако повеќето ни пола не беа од тоа што се сега, ниту пак ќе бидат под друг тренер. Тренериште страшно.
Ако нашиве не дај боже го остават мутавиот, ни името не сакам веќе да му го изговорам, ни Де Јонг, ни Де Лигт, ни Мабапе нема да не оправат, џабе ќе е се.
 
Првиот гол (Иако падна рано) Барса Непадна психички толку многу,иако и на Ноу камп и на Енфилд,Клоп го диктираше темпото,уште кога го видовме Серги Роберто-Бек се знаеше дека тактички скроз погрешно,зошто секој напаѓач колку и да не е во форма,и да е 2-ра постава ако е брз,незгоден е за чување,Кутињо таму горе-Се изгуби во просторот,(Мислеше можи за Ливерпул игра),тотално одсечен,Суарез исто,а што сакаме ние од Меси (Сам да направи)-Робот не е,цела сезона по тенка жица го движи на Валверде тој и Тер штеген да не се лизни,со ваквиов пристап........Ама изгледа сега се лизна,и тоа лизгање машки убаво.Ливерпул на два фронта се бори,Барса одморени,со освоена лига,и пак Ливерпул повеќе истрчано од Барса,што бараме ние треннер кога неможиш психички екипа да спремиш,поготово после 2-ва брзи гола,се знаеше дека психата делуват,концентрација,доста слабо издание,иако поодморени беа од Ливерпул.
 
Вадеш го Видал, кој трче за Месси и Суарез, пушташ го Артур кој нее у форма, ставаш го Роберто десен бек да го чува Мане(кој е 20 пате по брз) Кутињо оште мисле оти игра за Ливерпул.. Епа валверде епа мило ми е шо отпаднааме! Не заслужуваш ти у барса копиле гнасно!!!!!
 
Сезонава беше нашата шанса ја поебавме и то е то...

Кога беа испаднати:ПСЖ,Реал,Јуве,Сити сите овие се конкуренти за тој трофеј.
Следна година ПСЖ и Сити којзнае колку ќе се засилат...Ние ќе останеме со нашиве пензионери.

Во тимот само неколку не се преку 30 години.

Пиќе,Алба,Бускетс,Ракитиќ,Видал, Меси,Суарез итн.
Овие само ќе паѓаат наредните сезони,богами и пензија на Меси се ближи после него ќе сонуваме за трофеи,а не за триплета.
 
Инаку Суарез во последните 18 натпревари во гости во ЛШ НЕМА ДАДЕНО ГОЛ.

Кога главниот напаѓач има ваква статистика нема потреба да се зборува за нешто повеќе...
 
Инаку Суарез во последните 18 натпревари во гости во ЛШ НЕМА ДАДЕНО ГОЛ.

Кога главниот напаѓач има ваква статистика нема потреба да се зборува за нешто повеќе...
Ако го остават и наредна сезона да биде првотимец, уште сега ви кажувам НЕМА ДА ГЛЕДАМ НИЕДЕН НАТПРЕВАР ОД НАРЕДНА СЕЗОНА.


Не ми се верува уште што се случи ејјј, не е можно......................
 
Ако го остават и наредна сезона да биде првотимец, уште сега ви кажувам НЕМА ДА ГЛЕДАМ НИЕДЕН НАТПРЕВАР ОД НАРЕДНА СЕЗОНА.


Не ми се верува уште што се случи ејјј, не е можно......................
Јас уште сум во шок и не ми е верно.
Тек утре и наредните денови ќе ми биде јасно што ни се случи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom