Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Повеќе ме радува одбраната што се зацврсти доста,Пиќе машина беше денес.
Меси што да се каже си гази цело време,Суарез покрај него и он ќе убоде некој.
Незнам што беше глупирањето со Ракитиќ на штопер што играше си праеше некои филмови во глава Валверде.
За Дембеле имам само замерка незнам зашто кога ја има топката одма гледа да ја даде на Меси,може па и така да им е договорот од претходно.
Важно земавме 3 бода следна утакмица ја играме дома па ќе може да направиме некоја серија од победи,пристојна разлика имаме очекувам и следно коло некој од конкурентиве да киксне па да се зацврстиме на врвот.
:zloo:
 
Многу експерименти денес си играше Валверде, за среќа после првиот гол беше прелесен меч. Супер е ова, две победи по ред во гости и тоа со две незгодни екипи. Сега да се победи и Селта дома и годината ќе заврши добро. Веќе пополека покажуваме дека остануваме најдобра екипа во лигата.
 
Ова денеска беше одмазда за лани Levante 5:4 што ни направи.
Се надевам Рома ќе ни се падне утре, па да може и на нив вака да им се одмаздиме :LOL::LOL::LOL:
 
Ова денеска беше одмазда за лани Levante 5:4 што ни направи.
Се надевам Рома ќе ни се падне утре, па да може и на нив вака да им се одмаздиме :LOL::LOL::LOL:

Враќаме со камата :D:D:D
 
Реално најлесниот противник го добивме.
Нема што да се каже овде мора на победа уште во Франција да идеме таму да си ја завршиме работата,на Кампот само да ги дотолчиме:)
Кај овие само да не правиме грешки во средина за да не им отвориме контра,одбраната им е каша овде треба Меси да ги сошие.
 
Само Dembele десен бек да игра за да се сме сигурни во одбраната.:P:D
 
Не смее да има проблеми тука многу добра ждрепка е ова. Со оваа форма не би требало да се случи нешто забегано како лани со Рома. Очекувам лесни две победи.
 
Со Умтити ќе се знае за некој ден,иако самиот најавил враќање за против Лион,тимот каде што играше,ако не се доопорави изгледа ќе треба стопер да се земи во зимскиов преоден рок........Мислења ваши
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom