Ве читам последно време и искрено не можам да ви се изначудам.

Човек да не прати фудбал сезонава и да ве чита вас, ќе мисли дека Барса е 5та, испадната од групи во ЛШ и елиминирана од Алкокрон во купот на Шпанија, а не екипа која ја има обезбедено титулата во Шпанија од февруари месец, викендов ќе игра финале за двојна круна, не е поразена 40 натпревари со ред.
Валверде го критикувате, небаре не знае тактика да погоди. Човекот ја направи Барса да игра дефанзива како никогаш до сега, а во нападот е се уште доминантна. Секако дека на душа ќе му оди испаѓањето од Рома во ЛШ, но никако не смее еден лош меч да ја оцени целата негова сезона.
Играчите, плукате по нив ко да нема утре.

Само четворица играчи играле на ниво, другите биле под ниво. Е како бе другари тогаш оваа Барса цела сезона не знае за пораз во Примера?