Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.767
- Поени од реакции
- 22.720
Нареден ќе го донесат Сери, најверојатно за 2-3 дена веќе ќе биде официјално.
Дембеле ќе дојде, тоа е повеќе од сигурно (де факто веќе не е ни играч на Дортмунд), ама мислам дека дури последните денови од август ќе потпише. Нашиве ќе чекаат Дортмунд да попушти за цената, дали ќе попуштат ќе видиме, ама и да не ја спуштат нашиве ќе дадат колку што им бараат. Дембеле заврши работа со тоа што не отиде на тренинг, огромен притисок изврши и веќе е отпишан од Дортмунд. Факт е дека повеќе нема да го облече дресот на Дортмунд, прашање е само дали ќе дојде оваа недела или наредната.
Прашање е дали се точни шпекулациите дека освен Сери и Дембеле, ќе се носи и уште еден играч од средината (се спомнува Ди Марија). Наводно, во тој случај од кај нас ќе си замине Андре Гомеш (во Јувентус). Ама оваа варијанта не ми се верува дека ќе се оствари.
Излегоа и муабети дека играчите се незадоволни од раководството и дека ситуацијата е многу сериозна. Наводно Меси е водачот на незадоволните, а зад него стои цела екипа. Бускетс и Иниеста веќе и јавно меѓу редови искажаа незадоволство, а Меси намерно го одложува продолжувањето на договорот до завршувањето на трансфер периодот, за на тој начин да изврши притисок врз управата да донесат квалитетни засилувања.
Ништо не е решено. Имало пак средба БВБ и Барса но Барса не сакаше да покачи понуда а Дортмунд не попушти. Го чув Вацке, вика дека помалку од 50% е вероватно да се деси трансферот и само ако Барса плати толку колку што сака Дортмунд ќе дојде Дембеле. Барса го знае тоа се чудам што чекаат уште, нели подобро е порано да дојде играчот во новиот тим. А за Дембеле не е затворена вратата во Дортмунд ако не испадне трансферот сигурно пак ќе заигра ако сака да си ја спаси кариерата. Не гледам каде е одпишан ко ни милиметар не слагаат со бараната цена? Викендов ил последен рок ако до тогаш не го земат Дортмунд нема да го даде оти нели им треба замена. А веќе ја имаат највероватно некој играч со одкупна клаузула па ќе можат одма да реагираат. Ќе видиме.