Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ракитиќ од кога е дојден немаше изиграно олку лоша утакмица, среќа па се убива од трчање па покриваше со тоа.
 
Меси, Денис и Умтити одлична партија одиграа. Огромни три бода се ова.

Суки нема да го видам на Кампот :place::place::place:
 
Честито победа ! Супер натпревар, мелем за очи. Фрчеа шанси од двете страни .
Барселона од дерби мечевите има уште Еспањол,Реал и Виљареал, потешките гостувања кај Севиља,Атлетик и Валенсија ги помина одлично.
Со -2 бода позади Реал и супер распоред до крајот и со вака млитав Реал сигурен сум дека на полусезона ќе биде најмалку на +6.[DOUBLEPOST=1478468882][/DOUBLEPOST]
Денис беше одличен , треба почесто да игра а не да му се дава толку голема минутажа на Гомеш .

Имаше веќе жолт картон,затоа и го смена Енрике.
 
Денес ја гледавме најлошата и најдобрата Барса во досегашнот дел од сезоната. :D

:oleee::oleee::oleee:
Почесто ти играј на кладилница против Барса :D Јас кога и да ја пишам да тепа ме заебава, шанса нема да ја сврти утакмицата вака, само контра играње има да нанижи 38 победи во низа :icon_mrgr:
 
Баш тоа сакав да пишам. 9 бода од 3 тешки гостувања кај Валенсија , Севилја и Билбао. Реал веќе наредното коло гостува кај Атлетико Мадрид , па еве шанса за прво место. После па идеме кај Сосиедад. :pos:

Ептен беше добар коеф за Севилја за да не се пушти на 5 евра. :D Утешна добивка ќе беше , али супер шо не падна.

Ќе заборавев Умтити да го пофалам. Карпа невидена , мислам дека го имаме новиот црн Пујол , а момакот е 22-23 години. Го обожавам. :cuc:
 
Наградно прашање: Колку топки пресече Масче на натпреварот ?
 
Нејмар со секој потег се повеќе ме нервира...моментот кога ја заборави топката и Маријано си ја собра како против мало дете да игра:tapp::tapp:
Сержи за голот беше побрз од топката...
Буксетс поарен од претходно, далеку од неговата форма
Суарез и Меси ќе си тераат Пичичи борба годинава :)
 
Искрено уште еден доста слаб меч на Тер Штеген. Имаше неколку конфузни интервенции при нафрлувањата, а мислам дека можете да реагира подобро на голот. Погледнете ја внимателно ситуацијата и ќе видите дека Витоло си даде доста долг фор во последниот допир со топката при што доколку тргнеше решително голманот можеше да го блокира ударот.
 
Ракитиќ,Бускетс,Нејмар и Тер Штеген многу слабо денес,останатите одиграа одлично,посебно во второво полувреме.
 
Ако играат секогаш како што го одиграа ова второ полувреме ќе биде лесно до крајот на сезоната. Ама ако се повторуваат грешки како во првото полувреме, ништо не прават....

Нејмар веќе претерува, се однесува како лигле, изгледа славата му удри во глава. Неговите глупости можеа многу да не чинат. Треба малку да се спушти на земја, и онака е далеку зад Суарез моментално, а за Меси и да не правиме муабет...

Умтити е одличен, конечно некој што може да биде замена за Пујол, само гледам дека некогаш премногу ризично влегува во дуели во шеснаесетникот. Може да направи беља во најлош момент. Со Валенсија веќе му се случи тоа, среќа што судијата не ја виде добро ситуацијата па не досуди пенал.
 
А секој нормален човек ова ќе го шутира на другата страна...
CwnhfeAW8AA-4tm.jpg:large


П.С. 500 голови за Барселона, сезонава би требало да дојде и до 500 официјални голови за Барселона.

14907658_10154901291499305_8269075374211710873_n.jpg
 
По странските форуми се жалат дека судијата не дал доволно време на крајот, требало минумум 6 минути. Тоа било причината шо Севилја не извадила бод. :pos::pos:[DOUBLEPOST=1478521043][/DOUBLEPOST]Меси најдобар стрелец моментално во Европа со 15 гола на 15 натпревари. 8 гола во Примера , 7 во ЛШ.
 
Последно уредено:
Кога Меси остана без копачка Вишко од Спорт Клуб вика ''Da je Messi ostao bez kopacke do kraja, mozda je onda mogla Sevilja nesto u ravnopravnoj borbi da uradi, ovako ...'' Каква легенда :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom