За Погба гледам сите скептици дека бил преценет играч, јас не знам што повеќе барате од него на 22 години. Само го замислувам во нашата средина со неговиот физикус, најдобар пренос на топка има од одбрана до напад, најдобриот сегмент од играта на Иниеста, само што Погба е и поголем и побрз. Детево доминира во средина на толку млади години и може да прерасне во играчиште како Зидан. Шут, дриблинг, пас, брзина, игра со глава, сила... Не ми е јасно како може некој да не го сака, Реал со Модрич, Крос, Хамес многу тешко ќе играат против средина составена од Буси, Погба и било кој трет. 80 милиони евра се bargain.