Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа само јас на форумов не го сакам криминалецот назад во клубот. Еве кој не го мрзи може да си прочита

What's Happening With Barcelona's Finances?

highlight од сторијата е оваа табела
2+Barca+After+Audit.jpg
 
Лапорта не смее да се врати на чело на Барса , расипник кој си билда рејтинг со мафијашки стил . Поддршка за Бартомеу .
 
Добро, само ме интересира зошто Бартомеу е подобра опција од Лапорта?
 
Бартомеу има визија за економски раст на Барса , инвестиции и правилни одлуки за трансфери , што и го докажаа со Росел .Целиот тим е добро склопен .
 
Она со Кројф им беше лошо, али она со Абидал ја прелеа чашата и никогаш нема да можам да ги смислам.
 
Ќе биде реизбран Бартомеу пак , кога на слива ќе се роди грозје. Лапорта ќе победи , изборите се само техникалии.
 
Лучо е авторитет чоече. Не ги сака ни Погба, ни Верати, ни Гундоган. Го сака само Денис Суарез, во него гледа идеална замена за Чави. БРАВО !!! :bravobe::zver::cuc:

11401048_1083995134945302_4293635984568627006_n.jpg
 
Невозможна е споредбата Лапорта - Бартомеу.

Судот го отфрли обвинанието против Лапорта, човекот е чист никаква дамка нема неговиот мандат на владеење во Барса. Во време на неговиот мандат Барса ги освои 6 Copes.
Против Росељ и Бартомеу има случај за кој би имало сериозни казни. Бартомеу е нелегитимен претседател кој е на функција без гласање. Замислете ако победи, а во текот на мандатот го изгуби случајот Барса пак ќе помине низ оставки, криза и влечење по медиуми. Повторно би имало претседател кој ќе биде неизбран. На Бартомеу во оваа ситуација со случај на врат не треба ниту да му се даде шанса да поднесе кандидатура. Ако има малку морал и углед ќе застане тука каде што е и ќе биде дел од историјата како претседател во чиј мандат освоена е триплете.
Допрва почнува интересното Цело лето ќе имаме избори и ловење на фановите. :)
 
Очигледно го идолизирате Лапорта со пурата , мене воопшто не ми допаѓа . Бев скептичен за Росел , но ме разубеди , па и скандалот со Нејмар му го простувам бидејќи го изнајде единствениот начин да ги сопре Мадрид да го земат . Оваа управа ги донесе и Суарез во момент кога му беше нарушена репутацијата по СП , го донесоа и Ракитиќ . Во Барса е потребен менаџер кој ќе знае да ги менаџира сите аспекти на работењето во Барса нормално со свои соработници . Потребно е интелигентно менаџирање со финансии и маркетинг , посебно сега кога ќе се влезе во процес на реконструкција на Камп Ноу .Браида ќе лета ако дојде Лапорта . Немам сретнато програма на Лапорта , до сега само дека Пујол ќе биде со него му е единствен адут.
 
Последно уредено:
Лапорта го донесе Рајкард, Роналдињо(50-50), Ето, Анри, го донесе Пеп, Вила. Да не ги споредуваме трансферите на Лапорта со овој што ни го донесе клубот до праг на катастрофа. Во времето на Лапорта се инвестираше на големо во школата од која веќе поминаа години што ништо не произлегува веќе. Тоа што освоивме тројна годинава ама ич не е по заслуга на ова управа.
 
Од школата единствено асално што е излезено се Меси , Пујол , Чави , Иниеста и Бускец . Тие не би можело исклучително да се припишат на Лапорта . освен ајде Бускец да го сметаме . А за сегашните младинци ќе видиме што ќе произлезе од Сампер , Ел Хадади , Сандро и Ел Куриачи.
Последниот трансфер период . Luis Suarez ,Thomas Vermaelen, Claudio Bravo , Rakitic Marc-Andre ter Stegen, Jeremy Mathieu , Jordi Masip и Rafinha .
Перфектно.
 
И Лапорта без проблем ќе ги донесеше и Суарез и Нејмар. Ако можеше да го донесе Анри во најдобрите години кога правеше партали , немаше да му биде проблем бразилец кој не беше докажан на европско тло.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom