Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Имам едно задолжение. Ај кои ќе сакаат да најдат мислења за Матје, кога го потпишавме. Во нашава тема не верувам да има негативни коментари, барајте во 2те теми(сегашнава и старава) за Примера, а сигурно и во фан-клубот на реал има интересни коментари за читање. :D
 
Добро е, 3 од 3 и тоа без примен гол а притоа си играл со Виљареал и Билбао. Да не ги урочиме само али одбраната делува доста постабилно во однос на минатите години.

На Мунир нема што да му се замери, добро е што барем влага у шанси, реализацијата сама ќе си дојде со тек на време, со искуството.

На Лучо само му замеравам што започна во исто време со Педро и Мунир против екипа како Билбао, првиов дух на терен, другиов млад и неискусен момак за незгодна утакмица.

Со Нејмар од првата минута мислам дека ќе ги решевме ушто у прво, ем ќе го растеретеше Меси, ќе му додадеше повеќе простор за игра, ем заради индивидуалниот квалитет во однос над Педро и Мунир.

Се на се, одличен почеток во Примера. Дај боже само вака да продолжи.
 
Јас одбраната не би ја фалел толку колку средината. Ни Виљареал, ни Билбао не ни стасаа до гол. Елче еднаш стаса и Маскерано доби црвен. За одбраната има време, засега срединаата е страшна, Ракитиќ се вклопи феноменално.
 
Што е најважно пресинг играме кога се губи топката, сеуште не е тоа константен пресинг како на времето на Пеп, ама Луис Енрике не ги остава да дишат. Токму кога тој збесна покрај аут линијата, Бускетс пресече топка, ја додаде до Меси и ете го голот.

Интересно ќе биде да го видиме и Вермален како ќе се покаже, а мислам дека Пике со ваква форма голем дел од натпреварите ќе биде на клупа.
 
Кој курац беше бе со комплицирањето, не ми е јасно. На чисти шанси за гол, тие сакаат да асистираат и да се даде гол на празен гол.
Не серете по Мунир, затоа што игра одлично овие неколку утакмици. Да не сакате Педро случајно да го гледате пред него? Али ај за тоа ќе правиме муабет, кога ќе се врати Суарез, а Мунир ќе се пресели во Барса Б. Е тогаш ќе го бараме него, кога ќе гледаме Педро како 10 пати се сопнува од топката.
Не можам да ти ги читам постовите од оваа што ти е на слика, не ни знам која е.
 
Јас мислам дека лошово судење беше поради дресовите, празникот и барањето за референдум, посебно сега после ова со Шкотска. И дај не тресете зелени, шо очекувате од Мунир, Меси да биди на млади години? Одличен беше цела утакмица, има време да ја попрај завршницата.
 
Кој курац беше бе со комплицирањето, не ми е јасно. На чисти шанси за гол, тие сакаат да асистираат и да се даде гол на празен гол.
.

Е, тоа. Неколку пати пцуев баш за тие шанси, посебно Ракитич имаше две добри кога место да ја пукне у гол, да ја искине мрежата он пробува да асистира. Абе имаш топ шут како прво и прво, тоа 90% ќе е гол, пукни ја таму да не ја види голманот, они само да искомплицираат.
Мора Лучо да им даде слобода да шутираат од такви позиции.
 
Е, тоа. Неколку пати пцуев баш за тие шанси, посебно Ракитич имаше две добри кога место да ја пукне у гол, да ја искине мрежата он пробува да асистира. Абе имаш топ шут како прво и прво, тоа 90% ќе е гол, пукни ја таму да не ја види голманот, они само да искомплицираат.
Мора Лучо да им даде слобода да шутираат од такви позиции.

Џабе, ова ни била болка одсекогаш. Филозофијата демек на тимот:facepalm: Баш и ја колку само очекував да ја спука Ракитич при таа шанса

Untitled.jpg
 
Последно уредено:
Џабе, ова ни била болка одсекогаш. Филозофијата демек на тимот:facepalm: Баш и ја колку само очекував да ја спука Ракитич при таа шанса

Прегледај го приврзокот 102233


Е да, заради филозофијата ќе си коцкаме такви шанси, иако реално глупост е во такви ситуации да не се шутира.
 
Честито победа, изигравме одлично и заслужено стигнавме до нови 3 бода... почеток на сезоната каков што само можевме да посакаме со 3 победи од исто толку натпревари и притоа без примен гол :icon_lol: ... Иначе како што спомнав и претходно од натпревар во натпревар ќе ја подобруваме играта.. денес незнам зашто не стартуваше Нејмар,дали не е спремен за 90 минути или пак тоа беше одлука на самиот Лучо не сум сигурен.. но со самото влегување во игра на Нејмар,одма се виде разликата во нападот,а не да се мачиме цел меч со тромавиот Педро и сеуште младиот и недокажан Мунир за кој верувам дека само ќе ја подобрува својата игра.. на наредниот меч сакам да ги видам од почеток Меси-Нејмар-Мунир(Педро)..
П.с. Знае ли некој колку време ќе отсуствува Алвес, бидејќи не можам да го гледам Монтоја во првиот тим.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom