Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Barcelona will play with the all-black kit tomorrow because Uefa doesn't like the two teams playing with vertical striped shirts. [sportyou]

Значи утре со црните дресови. (y)
 
ми олесна за дресот хахах инаку се надевам играчите го гледаа натпреварот Дортмунд-Реал..Имаше многу да се научи во однос на мотивацијата и пожртвуваноста.. Она што утре и те како треба да не краси..
 
Не знам што е финтата со лажна 9ка ама знам дека Тата пак ќе игра со Чави, Иниеста и Фабрегас и ќе се нервираме како луди овде во фан клубов.
Брз гол првите 15 мин и ја запечатуваме до крај. На тоа да се оди како најдобра варијанта.
 
Ако напнеме од првата минута да напаѓаме, тој брзиот гол во првите 15 минути ќе биде во нашата мрежа.
Треба да се игра со 200% од можностите, како што игра Атлетико. Сакам нашиве да изиграат како на реваншот со Милан минатата сезона(кога победивме 4-0). Страшен пресинг и после секоја загубена топка во напад, враќање во одбрана со брзина од 100 км на час. Да се браниме со сите играчи(освен Меси кој ретко се враќа после загубена топка) и да напаѓаме со 8 играчи.
 
Токму така постојан пресинг бидејќи притисокот кој прв ќе даде гол е на наша страна , ние мора да дадеме гол , а потоа очекувам Атлетико да се отвори и нашата шанса е тоа да го искористиме.
 
Атлетико нема да се отвори се додека не направиме 2 разлика.

Инаку ако играме како во првиот меч мислам дека ќе поминеме, очекувам да биде многу тежок меч и како во секој меч од ЛШ потребна ќе ни биде и среќа она што го имаше Чоло на Ноу Камп
 
Би го играл Фабрегас „лажна 9ка“, ама само ако Меси оди десно, Нејмар лево, а Иниеста-Бускетс-Чави средина.
Инаку како на првата утакмица не. Плус фактот што Санчез е милион пати по спремен за пресинг кој ни е многу потребен утре. Како и да е, се надевам дека ќе поминеме.
Мој тип: Т2 2+ :D
 
Имам силно претчуство дека и утрешниот натпревар во регуларниот дел ќе заврши со исти резултат како и предходниот .... Мислам дека Тата ќе изненади со Пујол утре ...
pic_2014-04-08_ENTRENO_56-Optimized.v1396979225.JPG
 
Последно уредено:
Аман бе зошто толку хејт на форумот кон Бартра. Само јас ли посакувам тој да биде стартер
 
На тренингот се испробувал истиот тим од првата утакмица, но со нова формација. Во принцип тоа што сакам да го гледам од поодамна затоа што мислам дека тоа е и одговорот на бункерите кои противниците ни ги играат, само наместо Фабрегас вистински шпиц.

----------------------------------------------Пинто----------------------------------------------------
-------------------------Бартра----------------------Маскерано----------------------------------
------Дани------------------------------------------------------------------------------Алба---------
----------------------------------------Бускетс-------------------------------------------------------
----------------------Чави-----------------------------Иниеста-------------------------------------
---------Меси-------------------------------------------------------------Нејмар--------------------
-----------------------------------Фабрегас-----------------------------------------------------------

Иниеста на својата природна позиција, Нејмар на својата природна позиција и исто како и Меси ќе влечат повеќе играчи на крило и ќе се отвора простор на средина. Со класичен напаѓач наместо Фабрегас ова би било играта за против бункери, моментално мислам дека Санчез е подобра опција за да биде 9 во тимот, ама Фабрегас заради тоа што е повисок и може да помага повеќе во одбрана при прекини мислам дека ќе биде тој изборот.
 
А, добро Тата ретардиран е или главата го боли?

Што ќе ни е Фабрегас како лажна деветка? Спор е како трактор Тома Винкович, ако го ставиш напред нема да има на кого да подава што значи неговата најдобра карактеристика станува бескорисна и дури и да дојде во шанса за гол го нема тој инстинкт.

Се што сме постигнале е да играме со еден играч кој што ни е комплетно бескорисен и во исто време сме го одалечиле Меси 20-30 метра подалеку од гол. Ако играме со таква формација Симеоне треба шише вино и бонбоњера да му даде на Тата.

Ако веќе сака Меси да го игра десно нека го стави Санчез како деветка и тоа е тоа. Брз, далеку подобар дриблер од Цеск и знае да даде гол. Стварно не знам зошто цела сезона се форсира Цеск кога очигледно не е доволно добар за да биде во стартната постава.
 
Последно уредено:
Јас би повеќе Алексис како класична деветка, сепак во ред е. И да поминеме и да испаднеме нема да зависи од еден играч туку од тимот во целост.
 
Некое лошо пречуство некој да не има?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom