Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Втор натпревар по ред играме слабо и сме без победа.. дојде тој период како и секоја година Јануари-Февруари каде што најмногу губиме бодови,али денес едноставно не смеевме да си дозволиме кикс против Леванте,тим кој во првото коло го прегазивме со 7:0.. на ваквите утакмици се добива и се губи титула.. а не само во дерби мечевите,имавме лош ден тоа е очигледно,само се уште не можам да ја разберам измената на Тата,кој го извади Фабрегас од игра, а на негово место влезе Роберто :tapp:.. не беше само Фабрегас крив,точно е дека не одигра како што знае,но и тој и целата екипа одиграа лошо, и таа замена мислам дека не беше потребна, да останеше Фабре во игра ќе имавме поголеми шанси за победа.. но што е тоа е, идеме понатаму... и после ова коло повторно останавме на првата позиција, по киксот на Атл.Мадрид со Севиља, но сега разликата од Реал е само еден бод, и од сега секој бод е важен, ако сакаме да земеме титула.
 
Немојте сеа ко комшиите после некој кикс и тренерот е крив. Секоја сезона имаме падови во овој период а и вечерва Чави да беше малце по сконцентриран ќе се вративме со 3 бода и ќе го величевме Тата како успеа да се врати у игра. И така пак сме први, ако не можеме да го задржиме првото место после вечерашниов кикс тогаш не заслужуваме титула
 
Да, измената Фабрегас и С.Роберто беше лоша, ама не зборите за измената Донгу - Чави, најдоброто што можеше да се направи. Класичен напаѓач, 2 крила и Меси плеј. Со Роберто ваљда сакаше свежина да внесе затоа и го пишти. Али фалеа денес Иниеста и Нејмар, се примети тоа. Исто така и Дани Алвеш, подруго е со него у напад. И не го укривувајте Тата одма, човекот има таков фонд на играчи и неможе на друг начин. И он сака јака клупа, ама вината тука ја барам кај управата.
Иначе околу титулата оваа година, рано е да се збори. Тек е почеток на втора полусезона и ние и Реал и Атлетико сигурно ќе кикснеме уште по 2-3 пати. Одлучувачки ке биде натпреварот на Бернабе и последниот со Атлетико, ако Реал остане позади нас.
 
Јас лично не го кривам Тата толку многу за поразов.Се согласувам дека направи некои малку чудни измени али тоа не е некој голем фактор за резултатот.И реално гледано немаше некој голем избор кого да стави.Од сите играчи што ги имаме само Нејмар и Иниеста би промениле нешто во денешниов натпревар ама не беа на располагање.
Затоа во вакви ситуации ни треба некој класичен напагач во постари години кој нема да му биде проблем седењето на клупа и да и биде џокер на екипата,нешто слично како што ни беше Ларсон.
 
Јас мислам дека и тој е многу виновен. Се гледаше дека на играчите им недостасуваше мотивација исто така кога гледаше дека тешко се прават шанси требаше да оди похрабро со измените. Што к** ќе помогне Монтоја на 1 - 1 против бункер или пак Серџи Роберто. Штета за Сонг ќе си оди наредното лето со формата што ја има Чави може подобро е Бускец да игра CM a Сонг DM барем на некој полесен натпревар би било добро да се види тоа
 
Донесена е одлука, Камп Ноу ќе се реновира. Изгледа капацитетот ќе биде 105.000 седишта.

Мислам дека подобро е што се реновира историскиот стадион отколку да се направи нов!
 
Донесена е одлука, Камп Ноу ќе се реновира. Изгледа капацитетот ќе биде 105.000 седишта.

Мислам дека подобро е што се реновира историскиот стадион отколку да се направи нов!

Тони веќе напишал само да го дополнам.
Одлично тврдината останува. :)
Нов стадион би чинел 1.200.000 милиони, за реконструкција на Кампот се предвидени 600 милиони. Се чека само одлуката да биде потврдена на референдум на 5 и 6 Април.
 
1546015_719600281398176_110533796_n.jpg
 
Колку што гледам се откажале од решението на Норман Фостер, дали знае некој кој го направил новиот дизајн или ова рандом е па допрва ќе бираат архитект ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom