Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Честито победа, Нејмар се повеќе влегува во ритам.
Одличен натпревар за него, а и за Санчез.
Во сеќавање ми остана додавањето на Чави кон Санчез кога овој можеше да шутне, но му асистираше на Нејмар за гол.
 
Нејмар е феноменален , он ја носи цела игра кога го нема Меси. Головите ќе си дојдат сами по себе , тоа не ме загрижува ама баш ич.
 
Со исклучок на неколку ситници перфектен старт на Тата. За 10 дена од сезоната паднаа во вода глупите муабети дали Нејмар ќе може да игра во Европа или пак со Меси, феноменален е и квалитетот е неспорен. Мене ми се допаѓа и Санчез ама не знам зошто и после 3 сезони во Барца тој си има некоја психичка блокада и не успева константно да игра добро.

Ако ја задржиме предноста и успееме да тепаме во Ел Класико на домашен терен ќе биде супер прв дел од сезоната !
 
90% од хејтот за Нејмар беше само заради тоа што отиде во Барса
и тоа ми е јасно ама полно имаа(т) предрасуди, ваков онаков во косата, се филмал и демек по автоматизам треба да значи дека е лош играч. Уште тогаш ви пишав, не за џабе немаше клуб што не праша за цената на Нејмар, сигурно повеќе знаат тие него кајгана форум. :)
 
konecno neymar i sancez,izgleda mu smeta pomalku messi koga e vo igra :)
greota za song sto nemoze da poigra povike,iako zasluzuva
 
konecno neymar i sancez,izgleda mu smeta pomalku messi koga e vo igra :)
greota za song sto nemoze da poigra povike,iako zasluzuva
 
Јас сум еден од тие што бев скептик за Нејмар. Ама дечково е топ, за кратко време влезе во шемата на Барса, додека на Санчез му требаше година дена да се адаптира. Головите за кратко време ќе дојдат тоа не е никаков проблем. Само замислете си го тимот со повреден Меси а да го немаме Нејмар, единствено ќе кружевме околу гол. Конечно Санчез почнува да функционира како што треба. Тата му рекол дека сака да го види оној Санчез кој игра за Чиле и играл за Ривер Плата, го мотивира и верувам дека ќе дава уште повеќе. Да не дадеш хет-трик од чист зицер, а да подадеш на соиграч е потег кој вреди.:cuc:
Мислам дека конечно добивме штопер, Бартра е ѕвер, типувам дека со враќањето на Пујол, Пике ќе ја грее долго време клупата. Штета шутот на Тељо што не влезе имаме супер играч во него и иднина за многу сезони. Задоволен од тимот, Тата со нов најуспешен старт во историјата на Барса. Одиме понатаму Visca el Barca!
 
Ова кај нас детска градинка станува. И Тељо ќе станел татко :)
 
Тељо и Нејмар со по 21/22 години деца (ќе) имаат, Чави и Пујол како ветерани уште без успех на тој план. :confused:
 
Ми се свиѓа како изреагира Санчез со асистенцијата за Нејмар. Знаеше дека му треба гол и му ја даде топката наместо да шутира.

Иначе, Нејмар е голгетер. Секогаш бил. Малку претерува сега и цело време пробува некој тешки шутеви ама веројатно сака да се докаже. Ќе се среди тоа со време. Има во него 25-30 голови по сезона сигурно.

Бартра подобар од Пиќе. Дури и да не се врати Пујол во форма ќе биде добро за Бартра да игра малку со него и да научи нешто. Пиќе нека му ја мисли. Моментално ни е најлошиот бек.

Алвес мора малку да се седне малку на клупа. Вчера се изглупира 5-6 пати. Време му е на Монтоја малку да влезе.

Тата излезе опасно тренериште. Сакам да играме против Реал! Одма!!!
 
Никој не прокоментира дека после долго време Чави одигра одличен натпревар
 
Капитенот по потреба ќе може да започне од првата минута против Осасуна.

BV9RiyECYAAaBzg.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom