Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Штета што вака испадна работата да се повлече Тито, се надевам дека сепак ќе си продолжи непречено со животот после ова.

За нов менаџер мислам дека за вас подобро е да ви биде некој од помошниците,Барса Б или пак некој поранешен менаџер како Рајкард што спомна некој погоре.
 
Рајкард од ко замина од Барса доби клоци и од Галатасарај и од Саудиска Арабија така да тешко дека ќе биди опција тука иако јас најмногу би го сакал него...
 
Мое мислење за тренер да го назначите Луис Енрике, ви ги водеше младинските категории, лесно можеше да се снајде и да ја продолжи филофијата на Пеп, ако не се лажам додека беше тренер на младинските категории излегоа некои играчи?
 
предосеќам дека росељ(аковиЧ) ќе ја зезни работата со замената на Тито :facepalm: дај Боже да грешам......

не бев за останување на Тито на клупата Барса,лично ако ме прашаше некој јас би го одбрал Пелегрини кој го прави стилот на тимот екстра напаѓачки со многу голови и атрактивна игра(годинава Сити ќе даде преку 500 гола во сите натпреварувања,играјте го слободно 3+ после првите неколку “загревачки“ кола),али ете Сити го потпишаа веќе........

стварно енигма кој би можел да биде новиот тренер,Биелса предминатата сезона одлично го водеше Билбао,но лани Билбао не изигра ништо,Биелса го изгуби авторитетот и Билбао стана распашана банда,тој таму не воспостави авторитет не да води тим како Барса

останува да видиме на кој колосек ќе тргнат работите,се надевам на нешто ново во играта и поефикасно кога се играат тешки и големи мечеви,доста со претрупување во средниот ред,повеќе играње по страните и враќање на класична 9ка - центарфор
 
Според Мундо Депортиво, кандидати се Лаудруп, Луис Енрике, Куман и Валверде.
Биелса и Хајнкенс се исто така опции.

Искрено, најмалку ми е битен наследникот. Кој и да е, ова е за мене еден од најлошите трансфер-периоди. Абидал, Виља, Тиаго, Тито.... Само доаѓањето на Нејмар е позитивно досега.
 
предосеќам дека росељ(аковиЧ) ќе ја зезни работата со

останува да видиме на кој колосек ќе тргнат работите,се надевам на нешто ново во играта и поефикасно кога се играат тешки и големи мечеви,доста со претрупување во средниот ред,повеќе играње по страните и враќање на класична 9ка - центарфор

Не можам да разберам што мислиш со тоа вракање на класична 9-центарфор.Па подобар од Меси на таа позиција нема ниту пак ке има.Човекот дава по 60 гола на сезона и ни треба друг на таа позиција? Меси ако игра странично биди сигурен дека нема да биде толку ефективен како што е сега.Се слагам дека во тимот ни треба една класична 9,али тоа да биде некој играч во залезот на кариерата на кој нема да му биде проблем да биде резерва и да добива шанса на некои натпревари каде што не можеме да ја пробиеме одбраната.Кој и да дојде на местото од Тито,нема шанси да смени нешто такво во нападот т.е. да го игра Меси лево или десно како што играше пред да дојде Пеп во барса.Барем јас така мислам,можеби сум грешка ;)
 
Пред 3-4 дена читав во Телеграф(весник кој пренесува доста валидно инфо) дека Лаудруп бил контактиран од поголем клуб, притоа, не наведувајки кој клуб...
 
Само..

dimatteo_2944793.jpg

замислете...
 
Му посакувам на Тито да ја добие најтешката битка во животот и да ја победи гаднава болест. Штета што на ваков начин заврши неговата работа во Барса... Во однос на негова замена, стилот на работа на Росељ и Зуби секогаш подразбирал прво приоритет на домашните од базата на клубот. Типувам на тренерот на Барса Б. Мислам дека на Барса и треба квалитетно име кое може да се носи со сите предизвици кои доаѓаат. Anims Tito !!!
 
не е време сега за тренер да се мисли мора прво белј или руни ако не испанде ибрахимович е добар играч подобар и од двајцата ама плата многу сака епа сега ако нејтак тие 2 за малце поише плата и ке го продадат некој и ке има
 
Лаудруп со две раце, АВБ со една, Манчини, Валверде и остала багатела на клоци.
 
Не можам да разберам што мислиш со тоа вракање на класична 9-центарфор.Па подобар од Меси на таа позиција нема ниту пак ке има.Човекот дава по 60 гола на сезона и ни треба друг на таа позиција? Меси ако игра странично биди сигурен дека нема да биде толку ефективен како што е сега.Се слагам дека во тимот ни треба една класична 9,али тоа да биде некој играч во залезот на кариерата на кој нема да му биде проблем да биде резерва и да добива шанса на некои натпревари каде што не можеме да ја пробиеме одбраната.Кој и да дојде на местото од Тито,нема шанси да смени нешто такво во нападот т.е. да го игра Меси лево или десно како што играше пред да дојде Пеп во барса.Барем јас така мислам,можеби сум грешка ;)

сите појаки и поспремни тимови имаат одговор на оваа игра,нема шутеви оддалеку ниту кој да постигне гол од нафрлени топки - две работи заради кои Барса застануваше и не одеше до крај во ЛШ последните 3-4 сезони
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom