Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста е уверен дека Меси нема да се пресели во Интер, и се сомнева дека Жозе Мурињо го унапредил Реал Мадрид. Од една шега на Морати дека ќе го донесе Меси во Интер, медиумите секојдневно се занимаваат со оваа тема. Па прашања за евентуално заминување на Меси во Интер му беа поставени и на Андрес Иниеста.
"Меси во Интер? Тешко е да се напушти Барселона, особено ако сте пораснале тука. Тој е нешто посебно" - изјави Иниеста за Gazzetta dello Sport.
Иниеста не верува дека Жозе Мурињо го унапредил Реал Мадрид.
"Мурињо? Реал Мадрид минатата сезона се бореше до крајот за титулата и покрај бодовниот рекорд, но не знам дали Мурињо ги унапредил".
Италија доживеа крах на Светското првенство во Јужна Африка, Иниеста смета дека недостасуваат млади фудбалери во селекцијата на Азурите.
"Дел Пјеро е феномен, Касано исто, но каде се младите фудбалери?".
Се гледа дека во Барса владее тимскиот дух.Тоа ми се свиѓа.