Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Од кој век е сликава бре?
 
Има во спорт напишано една колумна во која вели дека наредната сезона Тито сериозно смета на Афелај и на уште еден играч од нашата школа, талент којшто се мисли дека ќе биде многу важен дел од годините што следат. Жерард Делофеу.

Среќен сум за Афелај ( ако излезе вистина ова што се пишува) затоа што поради повредата беше оддалечен од терените скоро цела сезона и неможеше да се наметне, иако мислам дека ќе станеше важен дел од тимот во периодот кога Пеп експериментираше со Куенка и Тељо а Педро беше тотално вон форма.

Деулофеу:vozbud: Едвај чекам да го видам во акција... мислам дека ќе добие шанса на подготвителните натпревари во пред сезоната.

П.С. Инаку гледам дека нашиве ептен запнале за Алба и дека резултати од преговорите би можело да има до четврток. Ако на ова ја додадеме изјавата на Алба дека челниците на Валенсија преговараат за неговиот трансфер и изјавата на Пелегрино ( новиот тренер на Валенсија) дека би било штета да си оди Алба, тогаш може да се каже дека има големи шанси тој да ни биде првото засилување летово.
 
И јас сум за тоа да му се даде жанса на Афелај а Куенка да оди на позајмица да се искали малце. Не знаеме каков тип е Тито, и што мисли затоа и толку многу шпекулации има со играчи. Иако некои медиуми ја форсираа идејата за продажба на Алвеш денеска една интересна изјава доаѓа токму од него.
Alves: "I'm feeling great at Barça, I'm happy, never thought about leaving. I want to stay and continue to make history with Barça."

Верувам дека ќе ми се исполни желбата да дојде Жорди Алба, сепак сум загрижен за напаѓач. Некако мислам дека и оваа година ќе се направи грешка и нема да се ангажира. Повеќе внимание се посветува на одбрана што е ок. Но останува да ме демантира Тито.
Инаку во однос на таленти имаме во иднина ќе имаме топ одбрана. Тука се Фонтас, Бартра и Муниеса. Пеп за Фонтас изјави дека ќе се развие во добар и цврст играч, уште пред 3 год во Марка Муниеса го анализираа како новиот Пујол.

Останува да видиме што ќе биде после официјалното претставување на Тито, што ќе биде после Европското и што ќе биде во иднина :)
 
^ Ако се оствари ова, добредојде(назад) Жорди Алба! :)

П.С.
Верувам повеќето од вас го гледаа кошаркарското Ел Класико оваа вечер! :vozbud:
 

шокантна завршница на кошаркарското ел класико со тројка во последни секунди
и нормално победа на Барса 81-80

П.С коментаторот е лудница :)
 
Ау ау ау, брцање до грклан у последна секунда...:P
 
Значи ќе го задржите Афелај а? :coffee:
А овој Делофеу го најавуваа како голем талент уште пред некоја година. Мислам дека ќе биди голем играч за кратко време
 
Значи ќе го задржите Афелај а? :coffee:
А овој Делофеу го најавуваа како голем талент уште пред некоја година. Мислам дека ќе биди голем играч за кратко време


Па како што се шпекулира мислам дека е многу реално да се деси тоа. Башка дечкото дојде лани на полусезона и му требаше време да се адаптира. Сезонава поради повреда беше надвор од терените скоро 9 месеца и според мене мора да му се даде шанса да се докаже. Мислам дека е многу добар играч Афелај, е сеа која ќе биде неговата улога во моменталниот состав на Барса ќе видиме... и самите знаеме со каков среден ред располага Тито во моментов.
 
Neznam kolku moze da im se veruva na nashive novinari ali navodno Barsa pokazala interes za Luiz i FALKAO:vozbud:, a transferot na Alba veke e 99% dogovoren, za 12 mil.
Ako ova e tocno i se ostvari ke bide ebenje cela sezona :D I ke mora da se prodade Kuenka i Afelaj povtorno ke bide u tret plan posle Sancez, Messi, Villa...
 
Кажав јас дека знае Росел да извлече добар играч за малку пари... добро не дека 12 милиона се малку али со оглед на пренапумпаните цени на маркетот, оваа цена е одлична.:D

п.с.

24g6iiq.png


Шо им текнало уште сеа да го сменат:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom