Пеп изјавил денес за спорт дека знае што е проблемот во играта на Барса. Добро е што си ги признава грешките јавно и работи да ги поправи.
Рајкард само слепо се држеше за исти 11 играчи и чекаше магично да влезат во форма иако проблемот беше во предвидливоста на тактиката. За разлика од него Пеп менува стратегија дури и неколку пати во време на еден натпревар, а ги ротира и играчите така што очекувам подобрување на уште следниот викенд, а ако нема подобрување само знам дека нема да биде убаво да си фудбалер на Барселона на следниот тренинг.