Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако играме така, тогаш нема теорија да изгубиме
Очекувам нешто слично како лани во нокаут фазата, на гости нерешено па на Ноу Камп да не знаат кај им е главата независно од противникот.
Штудгарт се во добра форма ќе биде малце потешко али сепак се класа под Барселона. Приорет ќе биде да се постигне гол во гости што значително ќе ни ја олесни работата на домашен терен па и да примине некој нема да биде страшно.
Добар потег беше што го извади од игра Туре бидејќи беше индиспониран.
Добар резултат...на Камп Ноу се знае што ги чека германците.
Ако играме као денес се знае што ги чека... четвртфинале. Ваков ужас не сум видел одамна од Барса. Да не може да се воспостави контрола над Штутгарт е смешно.
Одбраната е калакурница ама ај некако да им се прости без Алвес и Абидал.
Туре изгубил осет за рамнотежа. Се клатеше ко пијан у кривина стално кога водеше топка.
Бускетс повеќе е зафатен со глумење прекршоци отколку со играње фудбал. Најнепоштен фудбалер што играл за Барса.
Ињеста се трудеше ама и он многу грешки направи особено дефанзивно.
Чави прост пас не можеше да сврзе не па некој од неговите карактеристични пасови ама и него може да му се прогледа низ прсти веројатно не ни беше доволно спремен да игра денес.
Гвардиола треба да го потсети Меси дека фудбалот е планиран као тимска игра. Изгледаше како Меси да го скокнал тренингот за подавање оваа недела. BTW ментално добар шут во првото полувреме, штета што ја удри стативата.
Ибра изгледа толку многу дупи откако се пресели во Барса што нозе не го држат. Не може да трча кутриот. Дури и за 100% шанса му требаа два обиди за да даде гол.
Анри не го ни приметив кога влезе. Видов само еден балетански скок кога направи. После тоа не го видов. Веројатно само се поклонил после скокот и си излегол.
За две недели играме против Валенсија ако памтам добро. Ако играме вака можеме да му кажеме чао на првото место на табелата.