Моментално има емисија на спорт клуб за историјата на Барса и се објаснува како во 50те, 60те и 70те години нашиот омилен клуб ФЦ Барселона го јадел стапот од генералот франко и неговите франковисти. Дел од ова го има напишано и La Vista во неговиод вовед за новава тема, а исто и Alexrs мислам дека напиша нешто слично за генералот франко.
Ке напишам малце тоа што го слушнав сега.....
Кога Барса играле на теренот во Мадрид се соочувале со разни закани од типот на:каменување на играчите, влагање на полиција на полувреме во нивните соблекувални, носење на некои играчи на суд, и разни протерувања на поедини играчи надвор од земјата.
Исто се збори за Ди Стефано кој сакал да игра за Барса и дел од неговиот договор го откупила Барса од некој колумбиски тим но подоцна се замешал и Реал и судот во Шпанија одлучил една сезона Ди Стефано да игра за Реал а една за Барса. По ова Барса се откажала од него и тој преминал во редовите на Мадрид. Во тој период Реал со Ди Стефано и генералот франко освојува 4 последователни титули а во финалињата на куповите помегу Барса и Реал многу голови на Барса и се поништуваат.
Во 60 години Барса во финалето на купот го победува Реал и после предавањето на трофејот следуваат стаклени шишиња по цел терен фрлани по играчите на Барса. Следуваат и други натпревари со Реал каде се судени многу непостоечки пенали во корист на мадриѓаниве.
Во 70те години, кога доага Кројф во Барселона, следува торпедирање над вечниот ривал Реал со 5-0, и две години подоцна односно во 1976 год Барселона се бори за титулата во Шпанија,но повторно на сцена стапуваат судиите и на одлучувачкиот натпревар со Реал му признаваат непостоечи гол на ривалот а во исто време без врска за мал приговор го исклучуваат Кројф. Иако во годината 1976 генералот франко бил умрен, кој бдв умрел во 1975, сепак сеуште постоел голем притисок врз ФЦ Барса од разни министри од Мадрид кои траеле се до крајот на 70те години.
p.s. Се збореше малце и за најголемиот предавник Фиго, но и за најновата легенда Ето.
p.p.s. Епа, незнам што да им кажам на навивачите на Реал....освен и понатаму да се гордеат со своите прљави титули кои поголем дел се освоени во времето на франко и франковистите....во 50те, 60те и 70те години. Свака им част!!:kesa: