Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Во доцните 90ти години на 19тиот век, Хоан Гампер ( Joan Gamper) со помош на 10 пријатели го создаде клубот познат како FC Barcelona. Точниот датум на создавањето на клубот е 29ти ноември 1899 година.

Кој беше Гампер ?

hansgamper.gif


Бил роден во Швајцарија на 22 ноември 1877 година. Уште како мал пројавувал интерес за спорт и најмногу се интересирал за фудбал, рагби, тенис и голф. Тој својата фудбалска кариера ја започнал во Базел, но потоа се преселил во Франција. Во 1898 отишол во Барселона во посета на неговиот вујко. Во 1899 година пратил оглас во весник каде што се повикуваат сите оние кои се интересираат и сакаат да играт фудбал. Месец дена подоцна клубот бил основан со Gualteri Wild како претседател а Гампер како прв капитен на клубот.

Првиот тим од 1901 година

primerequio4wy.jpg


Симболи и дресови

Првото клубско лого било исто како и симболот на градот:

norm1899o4x4.jpg


norm1960o4wg.jpg


На логото се претставени крстот на St. Jordi ( светецот на Барселона), каталонското знаме и плаво – црвената боја, која што ги преставува боите на клубот ( кои инаку се земени од FC Basel)

Les Corts

На 20ти Мај 1922 година, Барса се пресели на нов стадион кој бил прилично модерен во тоа време. На почетокот стадионот собирал 30000 гледачи, за подоцна да биде проширен и да собира 60000 гледачи. Играле таму цели 35 години.

lescorts.jpg

normilumino50x.jpg

normlescoro50z.jpg

culealt.jpg



Гампер умрел во 1930 година во време кога клубот минувал низ тежок период и тој тежок период продолжил во наредните 10 години, поради политичката ситуација во државата.
Во 1936 година Франковите следбеници го убиле тогашниот претседател на клубот Josep Sunyol додека тимот бил во Америка. Додека траела цивилната војна во Шпанија, бројот на членови во клубот се намалил за 4000.
Франко дури и го сменил претседателот на клубот и го ставил Enrique Pineyro, кој го сменил името на клубот во Club de Futbol Barcelona. Името останало до 1973 година, 2 години пред смртта на Франко. Енрике исто така го сменил и амблемот на клубот и наместо каталонското знаме, го ставил шпанското. На крај Енрике бил избркан од клубот, поради тоа што Франко се плашел од бунт од страна на каталонците. Во наредните 5 години, Барселона освоила 3 трофеи во Шпанија.

Клубот ја прославил својата 50 годишнина со вкупно 24893 членови и со 21 трофеј во Каталонската лига, 9 купа и 4 трофеи во Шпанската дивизија.

Kubala

Со доаѓањето на Ladislau Kubala во Јуни 1950 година, сите почнале да сфаќаат дека популарноста на клубот расте со голема брзина. Од 1951 до 1953 година, Барселона освоила се што можело да се освои во тоа време. Шпанската Лига ( 1951-1952 и 1952-1953), Шпанскиот Куп три години по ред ( 51, 52, 53 година) . Таа година (1951-1952) се смета за најтрофејната сезона во клупската историја. Тимот освоил 5 трофеи и тоа: Шпанската дивизија, Купот во Шпанија, Латинскиот Ева Дуранте куп и 2та Мартин Роси трофеи.
Кубала за малку можел да отиде во редовите на Реал Мадрид, но се оженил со ќерката на Ferdinand Dauchik, кој бил пријател на тогашниот скаут во клубот Josep Samitiers и на крај ја одбрал Барселона.

kubalao524.jpg


Кубала бил огромен талент и постигнал 7 гола на натпреварот против Спортинг Хихон. Наредната година не играл толку многу поради повреда, но се вратил и му помогнал на тимот да го освои Купот, постигнувајќи одлучувачки погодок во финалето против Атлетико.


Camp Nou

Kubala очигледно бил преголема фигура и нагло ја зголемил популарноста на клубот, поради што челниците се одлучиле во 1957 да го отворат новиот стадион или декеска светски познатиот Камп Ноу. Некои од најголемите светски играчи стапнале на тревата на Камп Ноу ( Кубала, Кројф, Марадона, Шустер, Роналдо, Ривалдо, Роналдињо... ), а во почетокот на 90тите години, беше дом на познатиод Дрим Тим предводен од Јохан Кројф. Од тогаш стадионот е реновиран и прошируван неколку пати.

campnou00.jpg


Првата карта:
entrada.jpg


Со Кубала, Мартинез и Луис Суарез ( единствениот шпанец кој ја добил наградата за Најдобар Европски играч), Барселона освоила се што можело да се освои. Ја освоила Шпанската Лига во 1958-1959 и 1959-1960 и 3 Купа. Во 60 тите клубот освоил само 3 трофеја.



Ерата на Nuñez


nunezo5fj.jpg



На 6ти Мај 1978 година Josep Lluis Nuñez станал претседател на клубот. Тој им ветил на навивачите и на играчите дека додека тој е претседател клубот ќе биде финансиски стабилен и ќе биде успешен на спортски план. Така и се десило. Секоја година имало се повеќе членови во клубот, се граделе помошни терени и секогаш Барселона била конкурентна на спортски план. Додека тој бил претседател тимот го освоил Купот на Победници во 1974 за подоцна да ја освои Шпанската Лига 1984 под водство на Terry Vanables, за потоа да следи прекрасната ера на Кројф и неговиот Дрим Тим кој освои 4 последователни ЛаЛига трофеи и Лига на Шампиони (тогашен Европски Куп) на Вембли во 1992 година. Потоа дојде Боби Робсон, со кој тимот го освои Купот на Победници, Шпанскиот Куп и Шпанскиот Супер Куп во 1996-97. По него дојде Луис ван Гал со 2 последователни ЛаЛига трофеи во 1997-98 и 1998-99 година.


The Dream Team

Zubizarreta, Ferrer, Nando, Koeman, Juan Carlos, Eusebio, Guardiola (113' Alexanco), Bakero, Laudrup, Julio Salinas (64' Goicoechea) y Stoichkov.

koemano5z5.jpg



Најголемата криза во историјата на клубот; Хоан Гаспарт

После лошата сезона, Ван Гал и Нуњез си дадоа оставка во 2000 година. Нуњез беше наследен од Хоан Гаспарт кој ја започна најголемата финансиска и спортска криза во историјата на Барселона. Следуваа некомпетентни тренери, непромислени потези, некорисни играчи...
Гаспарт си даде оставка во 2004 година, оставајќи зад себе комплетно финансиски уништен клуб. На негово место дојде Лапорта и си постави цел дека клубот ќе излезе од тешката ситуација и пак ќе биде на врвот. Неговото прво големо засилување беше Роналдињо. 6 години после неговото доаѓање на чело на клубот, Барселона е повторно светска сила во светот на фудбалот.
Исто така важно е да се спомне дека во 2006 тимот ја освои по вторпат Лигата на Шампионите, а оваа година за првпат во историјата ја освои тројната круна (El Triplete).

0+barcelona+celebrations+arms.jpg


0+barcelona+celebrations+salute+henry.jpg



Титули:

Spanish First Division: 18
1928-29, 1944-45, 1947-48, 1948-49, 1951-52, 1952-53, 1958-59, 1959-60, 1973-74, 1984-85, 1990-91, 1991-92, 1992-93, 1993-94, 1997-98, 1998-99, 2004-05, 2005-06

Spanish Super Cup: 11
1945, 1948, 1952, 1953, 1983, 1991, 1992, 1994, 1996, 2005, 2006
(Known as Copa de Oro Argentina in 1945, and Copa Eva Duarte between 1947 & 1953)

Spanish League Cup: 2
1983, 1986

Copa Del Rey (King's Cup): 24
1909-10, 1911-12, 1912-13, 1919-20, 1921-22, 1924-25, 1925-26, 1927-28, 1941-42, 1950-51, 1951-52, 1952-53, 1956-57, 1962-63, 1967-68, 1970-71, 1977-78, 1980-81, 1982-83, 1987-88, 1989-90, 1996-97, 1997-98

Copa Catalunya: 5
1990-91, 1992-93, 1999-2000, 2003-04, 2004-05

Copa Macaya/Catalan Champions: 22
1901-02, 1904-05, 1908-09, 1909-10, 1910-11, 1912-13, 1915-16, 1918-19, 1919-20, 1920-21, 1921-22, 1923-24, 1924-25, 1925-26, 1926-27, 1927-28, 1929-30, 1930-31, 1931-32, 1933-34, 1935-36, 1937-38

Latin Cup: 2
1949, 1952

Eva Duarte Cup: 3
1948, 1952, 1953

Martini & Rossi Trohpy: 2
1952, 1953

Little World Cup: 1
1957

Joan Gamper Trophy: 32
1966, 1967, 1968, 1969, 1971, 1973, 1974, 1975, 1976, 1977, 1979, 1980, 1983, 1984, 1985, 1986, 1988, 1990, 1991, 1992, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006.

Teresa Herrera Trophy: 5
1948, 1951, 1972, 1990, 1993

Ramon de Carranza Trophy: 2
1961, 1962

Ciudad de Palma Trophy: 5
1969, 1974, 1976, 1980, 1981

Cup of the Pyrenees: 4
1910, 1911, 1912, 1913

Mediterranean League: 1
1937



Ај нека е со среќа новата тема...
 
Ај нека ни е честито новата тема!
 
Ајде и од мене честито новата тема, се надевам ќе продолжиме со одлични дискусии и тука.
 
Ајде со среќа нека ни е новата тема па да бидеме поприсутни тука отколку на старата :)
 
:aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:


Ајде нека ни е со среќа нова тема......
 
Ајде честито нова тема:helou:
 
Ајде нека ни е честито новата тема, прекрасно отворена, браво Лависта.:)
 
ај честито, и би било добро во еден пост сите кола од сезоната да си ги ставите :)
 
Ај честито нека ви е новата тема :helou:
 
Ae cestitki nova TEMA,pa mu posakuvam na Barcelona uspeh i maximalen efekt sekoja godina,mene i na vas vi posakuvam radost i samo radost zaedno so site Culina niz svetot.Pa da ni se redaat samo pobedi i pobedi:helou:
 
Како прво честитки за постот на ЛаВиста, прекрасен, а сега и честитки за новата тема и надеж дека оваа година ќе бидеме уште подобри од минатата.:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom