што играч е Касерес,дали е добар?јуве го бара на позајмица
Озбилни се Јуве или само шпекулации?
Касерас е млад централен бек, а може да игра и како лев бек (тоа валјда знаеш веќе).
Брз е, технички е одличен, a во Уругвај го сметаат за новиот Монтеро.
Има мал проблем со донесувањто одлуки и често може да му избега противникот и да го принуди да прави опасни стартови за да се извади.
Не ме загрижува тоа многу затоа што уште е млад, а тоа се поправа со искуство.
Во Шпанија (особено во Барса) интелигенцијата, читањето на играта и донесување на правилните одлуки е витално за било кој одбранбен играч.
Затоа добиваше толку малку шанси кај нас.
Ако оди кај вас на позајмица ќе ми биде многу мило затоа што тој недостаток во неговата игра нема да се чувствува толку во серија А и ќе добива доста време да игра што ќе му овозможи да се развие.
Ако се развие правилно Барса ќе има една од најдобрите одбрани во светот следните 10 години затоа што Касерас е перфектен партнер за Пике.