Опаа сега ми дојде на ум дека Мадрид играа денес...и изгубиле. Така да честито титула до сите фанови на Барса, за најдобрата сезона на клубов изминативе години а и од порано. Двојната круна во Шпанија е освоена!!! Знаете што? Доколку сум во право, ќе гледаме 2 Ел Класика повеќе наредната сезона, и тоа во Супер Купот на Шпанија (Барса освои и првентсво и куп, а Мадрид се втори на табела така да мислам дека играме против нив). Останува уште една титула. Не дека ја потценувам, таман работа, но Примера сепак ми беше најважна. Супер сезона за комплетниот тим на Барса, од физиотерапевти до играчите, и најзаслужниот од сите, Пеп Гвардиола. Човек кој во првата сезона како тренер на клуб воопшто (ако не го сметаме вториот тим на Барса) освои двојна титула во Шпанија а во Европа ќе биде или шампион или вицешампион. Неверојатно. Уште еднаш честитки:smir: