Анри би можел да игра уште најмалку 2 сезони во иста форма, само да има среќа и да не се повредува. Во формата каква што е сега, за крилен напаѓач е ПРЕДОБРА... има 21 гол во сите натпреварувања што не е воопшто малку. Да играше на неговата природна позиција мислам дека ќе имаше до сега повеќе голови од Ето. Ме потсеќа на деновите во Арсенал и самиот си има признато дека во Барселона е многу потешко да се игра отколку во некој англиски тим, затоа што тој во Арсенал играше на позиција централен напаѓач, а овде игра крило и како сите во тимот мора да извршува и дефанзивни задачи. Незнам што им направи Пеп на играчите летово али што и да им направил ИМ НАПРАВИЛ ДОБРО... целата заслуга за успехот до сега му ја препишувам нему, огромен мотиватор е и се однесува со играчите како со свои деца. Браво за него:smir:
И заборавив да кажам дека Чики дошол до усмен договор со Кеирисон за летото да се пресели во Барселона. Ова го имаше на Спорт.ес, баш пред малку разгледував. Одличен млад играч според мене, би можел да биде одличен со сегашните напаѓачи во клубот.