Шорти, тогаш очигледно ти не го разбираш модерниот фудбал кој се игра на денешницава.
Таа игра се базира на напад, но не како порано со играчи од средината кој немаат конкретни задачи. Така, секој тим денес има играч кој е перфектен во дефанзива, а игра во средината, има голема креативност и смиреност и што е најважно снаодливост за најдобро да реагира во тешки ситуации, кога има голем притисок врз екипата, при вршење пресинг и сл.
Дотолку некој тим се орентира во напад, тогаш секогаш мора да има некој позади да чува од евентуален против напад, како што е и сега: Интер(Камбијасо), Милан(Гатузо), Јувентус(Сисоко), Ливерпул(Масчерано), Манчестер(Керик), Челзи(Есиен), Реал Мадрид(Диара х2) и да не набројувам уште.
Таков, и најдобар играч во тимот моментно е Туре. Можам да кажам дека замена за него е само Кеита, а од него сигурно е подобар...бидејки Кеита ги има истите карактеристики како Туре, но за едено ниво подоле. Бускетс сеуште не е определен од Пеп за тоја која конкретна позиција ке ја игра во иднина, но тоа сигурно нема да биде фудбалер кој ке игра на толку неприметлива позиција во тимот, бидејки работата на тие играчи не се гледа на телевизорот, а уствари се најзаслужни за победата на тимот. Бускетс има многу поофанзивни карактеристики, може да биде наследник на Чави, дотолку работи напорно, и со Туре позади него, мирно да се препушти на офанзицата.
Значи, моментно го имаме еден од најдобрите играчи на таа позиција во светот. Нема потреба да се продаде, бидејки неможе да се најде адекватен играч кој е достапен на пазарот. Може да се купи подобар(Маскерано, Камбијасо), но нема потреба да се трошат пари за фудбалер кој веке го има во тимот.
А во споредба со платите кој ги земаат неговите колеги кој ги набројав погоре, неговата плата е може дупло или тродупло помала.