Ок , знам дека многу од вас нема да се согласат со мене , али првата грешка на овој тим беше отпуштањето на Рајкард , али ваквата политика на Барса владее години и години. Лани тимот и играчите имаа 100 шанси дадени од киксовите на Реал , али колку само наивно примаа голови , тотално незаинтересирано играа во одбраната , али ок , тренерот секогаш го јадел иако далеку дека он беше виновникот за голем дел од неуспесите ( почетокот на сезонава тоа и го потврдува ) , одбраната беше катастрофа на голем дел од мечевите . Стигнаа до полуфинале во ЛШ , т.е. помеѓу најдобрите 4 во Европа али дефинитивно недостасуваше среќа минатата година . Оваа година ставаат тренер кој се нема докажано во таа комплексна професија , купуваат играч како Кеита а ги имаат и Туре и Иниеста и Чави , за Хлеб да не правам муабет , за мене секогаш дечкото бил просечен играч кој немал некоја одредена констатност во формата , таков беше и во Штутгард и во Арсенал . Лоша трансфер политика ,
никакво пополнување на дупките кои ги добија со одењето на Рони и Деко т.е. играчите преку кои се градеше целата игра претходниве 2-3 сезони( Хлеб не е кадарен за истото ), неискусен тренер , што сакате повеќе , и за очекување беше истово .
Не ме сфаќајте погрешно , Барса отсекогаш ми биле тим за кои сум имал симпатии , али кога конечно излегоа од сенката наречена Реал Мадрид , на толку глупав начин пак ги искомплексираа работите , стварно не ми се јасни

. Факт , го имаат Меси али 2 сезони по ред има проблеми со коленото , и како по правило секоја сезона мора да паузира 1-2 месеца . . за жал , претешка сезона ги очекува .