САМУЕЛ ЕТО ЈА ЗАГРЕВА АТМОСФЕРАТА ПРЕД ДУЕЛИТЕ ОД ЛШ
Челзи треба да се плаши од Барселона
Напаѓачот на Барселона, Самуел Ето го предупреди Челзи дека оваа сезона Каталонците се многу потежок противник отколку лани, кога англискиот првак среќно помина во четвртфиналето. Тогаш Челзи помина во следната фаза благодарение на победата од 4:2 на домашен терен откако на Ноу Камп, Барса славеше со 2:1. Меѓутоа, камерунскиот репрезентативец, кој својата форма ја потврди и на Африканскиот куп на нации, смета дека оваа сезона Барселона е далеку посилен тим од лани и дека до 22 февруари, кога се игра првиот дуел, ќе биде уште поквалитетна.
"Тоа ќе биде одличен двомеч, но Челзи би требало да се плаши. Овие натпревари немаат ништо со минатогодишните бидејќи Барселона е многу посилна отколку минатата сезона и тоа на секоја позиција. Можеби дуелите со Челзи нема да одлучат кој ќе биде новиот европски првак, меѓутоа Барселона ќе игра како да е финалето од Лигата на шампионите", рече ѕвездата на каталонците.
Поранешниот играч на Мајорка пред неколку месеци беше поврзуван со трансфер на Стемфорд Бриџ, но од тоа не излезе ништо.
"Со нетрпение очекувам повторно да играм во Англија. Атмосферата беше одлична на натпреварот со Челзи лани и можам да кажам дека публиката таму е неверојатна. Во Шпанија не е така и затоа е можно некогаш да се преселам во некој англиски клуб", додаде Ето.