Чави пред неколку дена ги оперираше вкрстените лигаменти. Нема да игра сигрно неколку месеци, никој не може да каже колку, но според искуствата од вакви повреди Чави ќе го нема 3 до 4 сигурно.
Навистина штета. Тимот воопшто не е тенок со играчи од негов калибар, но мое мислење е дека Чави е незаменлив дел од тимот на Барселона. Сетете се дека со Бетис не играа Роналдињо и Деко, а Барса победи 1-4. Кога Чави не играше две утакимици, Барселона се мачеше да дојде до голот. Секоја утакмица му се вади статистика колку додавања му биле прецизни. Многу ретко му се случува да има повеќе од 10 промашени додадавања. А секоја топка оди преку него, што значи дека една утакмица не може да помине без негови 50-100 додавања. Јас мислам дека нема да се одрази на резултатите на Барселона, но секако дека ќе се одрази на играта. Иниеста, Ван Боменл, Мота, Деко... сите можат да ја разиграат Барселона, но не како Чави.