Магијата на Роналдињо се врати
Средбата со Бетис покажа кој е неопходниот елемент за препознатливата игра на Барса. Без суспендираниот Роналдињо загубија две средби по ред и влегоа во криза. Но Бразилецот се врати против Бетис и каталонците потсетија на онаа екипа која доминира последниве две сезони и дојдоа до убедлив триумф над гостите. Роналдињо одигра блескава партија правејќи голема мешаница пред голот на Доблас. По акцијата која тој ја започна Ето му асистираше на Ларсон за првиот гол на дуелот. Дефанзивецот на Бетис Мели долго ќе го памети овој дуел затоа што си постигна два автогола. Првиот во обид да искичсти по една топка од Роналдињо кон Ето. Бразилскиот ас повторно беше кобен за гостите, кога по еден негов слободен удар се случи карамбол, а повторно трагичар беше Мели, од чиј грб топката заврши во мрежа. Роналдињо конечно самиот се запиша во листата на стрелци во 59. минута од слободен удар, но со мала помош од голманот Доблас. Иако имаше неколку добри одбрани Виктор Валдес повторно дозволи да прими наивен гол, оставајќи му слободен простор на Жоакин при слободниот удар, кој гостинскиот фудбалер знаеше да го искористи. Конечнио резултат го постави Меси на пет минути пред крајот.