Флечер, Абидал, Алавес нема да играат во финалето 12.05.2009.
Дарен Флечер, Ерик Абидал, Дани Алавес нема да играат во финалето на Лигата на Шампиони, бидејќи УЕФА ги одби жалбите на нивните клубови за поништување на суспензијата. Флечер, играчот од среден ред на Манчестер Јунајтед доби црвен картон поради прекршок над Фабрегас во полуфиналето против Арсенал.
Игарчите на Барселона, Абидал и Алавес исто така не се „помилувани“ поради опомените во мечот со Челзи. Бразилецот Алавес доби жолт картон поради старт над Кол што му е трет жолт, додека Абидал беше исклучен поради прекршок над Ањелка. „Тројцата фудбалери се суспендирани на еден официален натпревар во европските купови, а таа казна ќе ја извршат во финалето на Лигата на Шампиони“, се наведува во соопштението од УЕФА
Во финалето на Лигата на Шампиони ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Барселона а истото ќе се одигра на 27. Мај во Рим. Тоа ќе биде четврти пат во историјата на Олимико да биде домаќин на финале на Шампионската Лига. Последен пат тоа беше во 1996. година. кога Јувентус го совлада Ајакс после подобро изведување на пенали.
Разгласи
Е ајде сега де видете го ова, НЕВОЗМОЖНО!!!!

Чудни работи се случуваат во светов!
Иниеста и пред 10 години му дал сличен гол на Челзи
Фудбал -
Шпанија
Андрес Иниеста е кошмарот за Челзи. Дефинитивно. По погодокот кој го постигна во средата со што го елиминираше големиот противник.
Но, дали знаете дека и пред 10 години, во натпревар помеѓу младинските тимови на Барса и Челзи, Иниеста постигнал сличен и одлучувачки погодок? Но, тогаш имало акција од половина терен, со двојно додавање. Бил капитен на младинскиот тим и го носел дресот со број 4.
За да биде иронијата поголема, прв му честитал тогашниот иргач на Барселона, сега тренњер на тимот Пеп Гвардиола.