Хуанде не победи ни на еден тежок натпревар. Ако ги одземеш оние на почеток на втората полусезона (Валенсија и Виљареал) кога сите тимови обично имаат пад во формата, а вие тогаш игравте најсилно затоа што бевте тапа цела прва полусезона и моравте да надополните нешто.
Со Атлетико изигравте реми, а од Ливерпул го јадевте бедно.
Да победуваш против тимови од рангот на Малага, Еспањол, Атлетик Билбао, Алмериа...итн. кога имаш само еден натпревар неделно и не е некој успех со кој треба да се фалите насекаде.
П.С.
Севиља беше скоро иста пред да дојде Хуанде и остана иста откако си отиде. Сигурен сум дека доколку Хуанде ги немаше Алвес, Поулсен, Пуерта и Кеита и ги имаше фудбалерите што моментално ги има Хименез (сегашниот тренер) Севиља немаше да биде ни блиску до врвот, а не па комотно да си седи на трето место.
Успехот на Севиља не се должи на ниту еден тренер туку на претседателот Дел Нидо и на директорот за спорт (не ми текнува името ама Флорентино Перез го сака он да му биде спортски директор ако стане претседател на Реал)
Бевме тапа, знаеш и сам зошто, да не се навраќаме на тоа.
Хуанде дојде во руиниран Реал, не знам што очекувавте од него, зар требаше да ги покоси сите до крајот и да освои ЛШ?
За Ливерпул, и на Реал да му подареа 2 гола на Бернабе, друга ќе беше приказната.
И зошто ги потценуваш таканаречените екипи од понизок ранг? Со такви победи се освојува титула, тоа што Реал во втора полузезона освои 40 од 42 бода не е за занемарување, ако се знае дека вие во Декември се самопоргласивте за шампиони (иако кога разликата беше -4 повеќето тука изјавуваа љубов кон жените на фудбалерите на Барселона, ама нема врска тоа сеа), а сега и сами знаете дека не е се завршено, и едно коло може се да измени.
Сезонава и да се освои титула ќе биде далеку од добра за Реал, од административен па до играчки аспект, Хуанде вади максимум моментално од играчите кога ќе се собере се и ќе се спореди со резултатите.
И не се слагам дека Хуанде немаше удел во успесите на Севиља, секоја чест за административните успеси на Дел Нидо, ама играчките не можеш комплетно нему да му ги препишеш, оти Севиља не само што победуваше, туку и играше добро, а еден претседател на клуб па колку сака нека биде добар во рабитењето тука нема многу што може да направи.
И точно е тоа што велиш за спортскиот дирекор на Севиља (Родригез мислам дека се викаше) и Перез, имаше статија во АС дека Валдано-Зидан-Родригез е троецот кој наводно ќе биде задолжен за фудбалските прашања во Реал кога Перез ќе добие власт, ама тоа е веќе друга тема на разговор.