Пеп ги изостави Ето, Чави, Валдес и Гудјонесн за дуелот со АтлетикоТренерот на Барселона, Пеп Гвардиола направи неколку измени во тимот кој ќе настапи на утрешниот дуел со Атлетико Мадрид а Лионел Меси повторно е во тимот
Хоркера, Касерес, Пике, Педро и Лионел Меси се новите пет имиња во повиканиот состав за дуелот со Атлетико Мадрид, кој изенадучаки брои само 16 играчи.
Гвардиола се реши да прави ротации за Куп дуелот па затоа од составот кој во саботата ја совлада Мајорка ги изостави, Валдес, Чави, Гудјонсен и Ето.
Исто така стратегот на Каталонците нема да може да смета на Пујл, Маркез и Хлеб кои имаат проблеми со ситни повреди.
Капитенот има проблеми со мала настинка и температура, Мексиканецот се пожалил на болки во бутниот мускул па како превентивна мерка тој ќе одмара.
Хлеб пак има повреда на десниот зглоб заработена на дуелот со Мајорка.
Целиот состав на Пеп: Пинто, Хоркера, Пике, Ињеста, Анри, Касерес, Силвиљо, Бојан, Меси, Алвес, Абидал, Кеита, Јаја Туре, Бускетс, Виктор Санчес и Педро.
Вака би изгледал првиот состав според мене:
--------------Пинто---------------
Алвес----Касерес----Пике----Силвињо-
Педро------Кеита----Бускетс--------
Меси-----Бојан(Анри)----Иниеста---