Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Според информациите од Италија, Јувентус ќе го продаде Трезеге на Барселона, а во своите редови ќе ги донесе Чаби Алонсо, Фабио Кваљарела и Рафаел Маркез.


Трезеге имаше одлична сезона во дресот на Јувентус, постигнувајќи 20 гола во Серија А, по одличните игри французинот се поврзува со заминување во Барселона. Гласините велат дека Барселона е подготвена да плати 20 милиони евра за да го донесе Трезеге во своите редови, медиумите пишуваат дека за Јувентус оваа понуда е предобра за да биде одбиена со оглед дека нивниот напаѓач веќе има 31 година.
Парите заработени од Трезеге, Јувентус планира да ги пренамени за купување на Чаби Алонсо од Ливерпул.
Покрај интересот за Алонсо, челниците на Јуве се надеваат дека ќе дојдат и до ангажман на Фабио Кваљарела од Удинезе, како и Рафаел Маркез од Барселона кој треба да биде и дел од трансферот на Трезеге.


АКо го земите трезеге честито земате ја и шпанската титула со срека
ама не верувам .. дека ке си оди тој од Јуве
 
Чисто сумњам да ќе дојде Трезеге во Барса :D
 
Прво Фабрегас :tapp: , сега ова малово :tapp: , што е со тимов бре .
 
Леле пусти Гуардиола го продаде Дос Сантос,тој е еден од најталентираните играчи во светот ама ај
 
Пике, Дос Сантос, Фабрегас... сите таленти ги испродадоа...
Арно е што го вратија Пике :)
 
Не се секирајте... Гвардиола немаше да се согласи да го продаде Дос Сантос, ако мислел дека за него има место во тимот. Има детето талент али тоа е. И плус Гвардиола многу добро го знае младиот тим и знае што таленти има во него, така да ништо чудно да гледаме некој друг на местото на Џовани.
 
Да се надеваме дека е така:smir:
 
Инаку наредната сезона намногу очекувам од Бојан... Сакам да го гледам како дава голови. Меси си е веќе стандарден, не му треба нему мотивација за да игра ПЕРФЕКТНО.


 
Пирло на Ноу Камп.

Незадоволен е Пирло, веке се праигра за МИлан и му треба нов клуб. Од друга страна Пирло ја игра истата игра како Гвардиола на времето и овој е многу голем фан на Пирло.
 
Добро би му дошол Пирло на Барса, искуство во средниот ред, одличен додавач и изведувач на слободни удари. Доста комплетен играч за таа позиција!
 
Јас лично не верувам дека ќе дојде но штом Гвардиола е голем фан на Пирло се е можно... Годинава не се штедат пари на засилувања во Барселона... и дајбоже Росел да биде новиот претседател и се ќе биде во ред.
 
Го нема Филе - Топки на форумов да ви ја објасни политиката на Барса и да ви каже зошто Дос Сантос е продаден како и многу други.

Каталонците секоја година вадат по две или три добри деца но само на еден му даваат шанса за докажување. Во моментов тоа е Крикч и Дос Сантос е продаден со цел да се развие подобро односно да не му ја упропастат кариерата.

Сите на Ноу Камп се свесни дека нема да добие шанса каква што треба и затоа се решаваат на таков потег. После неколку години можеби и ќе го вартата како штп е случајот со Пике или евентуално Фабрегас.

До година очекувајте ново дете од младинската школа
 
Не е дека играл Џовани лошо, ама не беше на нивото на првиот тим. Последниот натпревар во сезоната не менува ништо, освен фактот дека има одличен шут момчето.

Подобро е да оди во друга екипа и да процвета - ко Фабрегас, отколку да чека шанса во Барса (која патем и ја имаше) па да заглави.

Од дечките шо ги знам јас од Б екипа, обратете внимание на Гај Асулин, израелец, игра на иста позиција ко Џовани.

едит:ете го Бојан, со муабет на место.
 
Тhiago и Keko блеснаа на последното европско за играчи под 17години.
Gai да не го забораваме, игра на секоја позиција во средината.

Гвардиола им беше тренер, така да он најдобро си знае. Би требало некој од овие да бидат прекомандувано во првиот тим.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom