Најтазе шпекулација е дека уште зимава ќе сме го истовареле вБомел во Волфсбург за Луиз Густаво од Хофенхајм. Густаво е солиден олраундер (буквално секопја позиција во одбрана и дефанзивна може да ја игра) и за резерва е одличен ама дека тој е решение за сите наши проблеми... :jaj: Мислам дека и Видал е подобар а за Шахин да не праиме муабет кога би барале замена за вБомел.
Не ми држи вода шпекулација во секој случај зш такви пореметувања во екипиава зимава не ми се верува дека би направиле вГаал, Руменихе и компанија.
Мислам дека шпекулацијата баш држи вода.Густаво може да игра и како лев бек.Во таква ситуација,со неговиот трансфер ќе се покрие позицијата на Ван Бомел но и позицијата лев бек.Е сега ќе се види кај е поприоритетно да игра Густаво.Дали во средината каде во конкуреција за таа позиција е и Тимошчук или како лев бек.
Мислам дека е добро решение,бидејќи на тој начин Контетно нема да биде целосно загрозен,но ќе имаме солиден играч кој за на дај боже ќе може да ја покрие неговата позиција.Густаво е бразилец,доста брз и технички поткован,мислам дека тоа она што Ван Гал сака.
Еве изјава денес на нерлингер дека не ни треба бек по секоја цена.Реално МНОГУ повеќе ни треба централен дефанзивец отколку бек!Такада добро резонира.
http://www.tz-online.de/sport/fussball/fc-bayern/nerlinger-robben-van-gaal-baines-tz-1048295.html
Има на страната на Спорт Билд како би изгледал новиот Баерн.Се шпекулира со инвестирање од 60 милиони евра и повеќе но заедно со летниот преоден рок.
За зимскиов прв на мета моментално е Луис Густаво,веќе се почнати преговори и се шпекулира дека ќе кошта околу 10 милиони евра.
Би играл како единствен DM
..............Швајни.........Крос................
..................Луис Густаво..................
И за зимава уште еден централен дефанзивец ќе биде сосема доволно.За на лето Нојер и Џеко и тоа е тим за титула во ЛШ!