Ај малку да разгледаме што е можно утре од ждребот:
- Интер: секако мора со репсект да се гледа кон актуелниот шампион, мислам дека лани убаво осетивме на своја кожа што тим е Интер но сепак за мене утре ова е најдобриот можен противник кој може да го добиеме. Сигурно ќе влеземе мотивирано во овој двомеч, за потценување не може да стане збор, верувам дека од грешките од лани е научено важна лекција и дека годинава може да се одмаздиме за финалето.
- Арсенал: фактички има 25% шанса да се паднеме со нив, што е многу. Мислам дека се преценети а имаат „големо име“ и затоа ги сакам скоро исто колку Интер.
- Милан: според сегашната форма веројатно најсилниот можен противник за нас утре. Имаме стари нерачистени сметки со нив и ако оваа година не би ги поминале - тогаш не знам кога. Квалитетот е на наша страна тука сум убеден.
- Валенсија: ако Милан се најсилни во моментов за мене Валенсија се најнезгодни можни противници. Не ги посакувам воопшто, може да е крајно зезнато со нив. Цврста, стабилна екипа се и покажуваат многу солидни партии и без Виља.
- Марсеј: слично незгодни ко Валенсија но сепак за нијанса послаби. Мислам дека тука има потенцијал за потценување и тоа е најголемата опасност.
- Лион: бујрум нека повелат, сигурно ќе се мотивирани да се одмаздат, имаат и искуство многу но сепак мислам дека ќе изгорат во сопствените амбиции ако се паднат со нас. Освен тоа знам дека овие нема да ги потцениме и со „цела сила“ би влегле во овој двомеч.
- Копенхаген: да не се лажеме ако ни се паднат овие ќе почнам да мислам за 1/4 финале. Сигурно не се „слаби“ чим се меѓу 16те најдобри но единствена опасност против нив би била да се потценат, ама онака МНОГУ. Во секоја друга варијатна одиме сигурно понатаму.
Мои желби: Интер или Арсенал.
Да се одбегнат: Валенсија и можеби Марсеј.