Фан Клуб: Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата ЧЕНТО
  • Време на започнување Време на започнување

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
а на goal.com не им верувам ич така да пропаѓа во вода тоа....
 
Колку не се за верување вакви шпекулации,поготово на goal.com:toe:
Апсолутно никој не знае што има во главата Рибери освен самиот тој и управата до некаде,ќе се знае кога самиот Рибери ќе излегува со својот став се почесто пред новинарите и медиумите. Вака само можеме да нагаѓаме.
 
Здраво, нов сум на форумот и јас сум фан на Баерн Минхен, па ке се дружиме ..:) СЕ НАДЕВАМ.:)


Ајде ајде, секогаш примаме нови членови.:smir: Добредојде, па се надевам на активност.:) И нормално ако си во Скопје редовно збиралиште за гледање натпревари ни е Irish Pub.

За Рибери е глупаво да се коментира од извори како гол.ком или некој македонски сајт кој се повикува на полупреведени извадоци од Француски или Германски. Кога ќе видам на некој германски сајт на кој му верувам или на официјалната страна на Баерн нешто тогаш ќе зборуваме.

А инаку ова за Варгас беше добра забелешка - сепак Лам да се остави десно... Значи Алаба или Прањич... Господ на помош... :pop:
 
Мора да се постави добра тактика,и мислам дека Ван Гал ќе знае тоа добро да го направи,сооглед на првата утакмица,ќе може да ги увиди салбостите.
Во никој случај не смееме да се затвориме,уствари годинава не памтам кога сме играле затворено.Имаме холандски тренер,и со тие крила кои ги имаме,има да ги бушиме,од кај ќе стигнеме.Утре е многу важна утакмица,и мора да се одигра храбро.
 
За Рибери е глупаво да се коментира од извори како гол.ком или некој македонски сајт кој се повикува на полупреведени извадоци од Француски или Германски. Кога ќе видам на некој германски сајт на кој му верувам или на официјалната страна на Баерн нешто тогаш ќе зборуваме.

А инаку ова за Варгас беше добра забелешка - сепак Лам да се остави десно... Значи Алаба или Прањич... Господ на помош... :pop:

само spox точка com му е мајката, таму нема промашај за германските тимови
 
Алаба ако игра лев бек воопшто не се плашам - дури и мислам дека подобро ќе го замени Контенто....
 
A so Contento polaku zatoa sto Alaba igra sreden red defanzivno bek kako ce izigra:raz:
 
само spox точка com му е мајката, таму нема промашај за германските тимови

И на kicker никогаш не сум видел шлапање без везе а sport1 сумира се и пишува на што се повикуваат. Bild е нешто како goal.com :helou:

Најважен натпревар сезонава... И за 1/4 во ЛШ и за Рибери и неговата одлука ќе се игра утре... И Румениге потврди дека во голема мера од прикажаното утре зависи иднината на Рибс...

Тапа е што вака или онака еден невоигран играч на теренот зжза Баерн секако ќе има... Тоа е кога воопшто не добиваат некои играчи шанса во вториов дел од сезоната:

Лам--вБајтен--Бади--Прањич/Алаба

Хамит--вБајтен--Бади--Лам

Лам--вБајтен--Тимо--Бади

На крајот кога ќе размислам околу психата на овие играчи најлесно ќе му е веројатно на еден млад Алаба. Нема што да изгуби дечкото а може многу да добие со солиден натпревар. Тимо, Прањич и Хамит сигурно имаат 0 самодоверба...

Вака или онака мислам дека нема теорија да не примиме гол... Значи еден минимум мора и да дадеме.
 
Според досега прочитаното, утре се игра утакмицата на сезоната. И самите играчи, и тренерот еднаш ја искусија Фиорентина, така да не смеат да ги направат истите грешки што ги направија во Минхен. Според мене, најдобро би било Лам да игра десно, вБајтен и Бади централно и Алтинтоп лево (поради искуството), сепак ова е ЛШ. А и секогаш се чувствува некоја дополнителна енергија кога е тој во тимот. А доколку тргне работата како во Торино, е тогаш вГаал може да го стави и Алаба, па и Герлиц и Лел ако сака.:) Само додека не си осигураме пласман, не треба да се ризикува.
 
Ќе биде тежок натпревар утре. Најважно е ние средината да ја владееме, а тоа ќе биде малце потешко бидејќи Швајни ќе покрива повеќе назад, на позицијата која веројатно Прањиќ ќе игра. И така ќе остане само Ван Бомел во средината и тука може да не надиграат, Мој предлог е да почнеме малце подефанзивно и внимателно, иако не значи дека тренерот така ќе ја постави играта. Знаејќи го Ван Гал утре ќе ги нападнеме од прва минута.

Иако мислам дека вака би било добро за покасно, ако треба да чуваме резултат:

----------------Бут-----------------
Лам---В.Бујтен-----Бади----Прањич
---Бомел----Тимо------Швајни
Робен---Гомеж/Олиќ/Милер--Рибс

baernедвај чекам натпреварот!
 
Морееее коа ќе подразмислам,па не е ова Манчестер или Барселона да им се мислиме до толку.Има да си ја играме нашата игра,офанзивна до крај,да им начукаме 2-3 гола и чао пријатно!

Мора да се тргне ѕверски уште од прва секунда,но никако не како во првиот наптревар,со напамет додавања.Поседот на топка е страшно битен,тоа не изеде во првата утакмица.

Одбрната им е доста ослабена,такада совршени услови за нашите крилни ракети да распалат!!!!!!

Им да осетат пекол,како оној на Данте.Ама ние ќе им го спремиме на германски начин!!!!!!





ОДИМЕ ВО ПОБЕДА!!!!(за Рибери!!!!!!!!!!!!!!)


 
Мора тоа празно место во одбрана да се пополни со искусен играч,тоа неискуство во вакви натпревари не кошташе гол во Минхен и ја не би ризикувал пак такво нешто.Прањич,Алтинтоп,Тимо го имаат тоа искуство многу повеќе од Алаба кој ќе му дојде како Контенто на првиот натпревар,влезе се изгуби и примивме гол.Несакам пак тоа да го видам,мора да се оди на сигурно а не на ваков екстра важен натпревар да се пробуваат комбинации со младичи од втор тим,имаме доста искусни играчи кои можат да го пополнат празното место.
 
Кај ви е Торпедо? :|

Го снема, немој сега да почнете со порази. :pos2:
 
Се моли Торпедо да пише пред утакмцита со Фиорентина.

Ќе биде од огромно значење за тимот,и за победа над фиорентина!!!

Торпедо те чекаме!!!

п.с. Ако Торпедо пише на фиорентина и нема спас 100%!!!(имаат нешто поише од 24 часа да го спречат)
 
Се моли Торпедо да пише пред утакмцита со Фиорентина.

Ќе биде од огромно значење за тимот,и за победа над фиорентина!!!

Торпедо те чекаме!!!

п.с. Ако Торпедо пише на фиорентина и нема спас 100%!!!(имаат нешто поише од 24 часа да го спречат)

Кај ви е Торпедо? :|

Го снема, немој сега да почнете со порази. :pos2:
Торпедо е тука и пиша,ама ќе си ќутам:vozbud: :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom