Фан Клуб: Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата ЧЕНТО
  • Време на започнување Време на започнување

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Лука Тони по измената си заминал од стадионот!

Додека фудбалерите на Баерн уште се обидуваа да го победат тимот на Шалке, италијанскиот напаѓач од редовите на Баерн, веќе бил на пат за накај дома со неговото службено возило. Избива нов скандал за и така раздрманиот состав на Баерн Минхен. Репортерите на Скај Бундеслига, го забележале Лука Тони како си заминува од Алианц Арената веднаш откако беше заменет на полувремето.
Репортерот на Скај не се двоумеше и веднаш по завршувањето на натпреаврот директно го праша Луис ван Гал дали го оправдува тоа и дали ќе има некоја казна за италијанецот.
„Јас се уште немам таква информација, но доколку тоа е точно, сигурно не е добро. Ќе треба сериозно да разговараме за тоа.“ изјави холандскиот стратег.
Тони очигледно не бил задоволен од тоа што беше заменет од Ван Гал на полувремето, кога влезе Робен. Лутиот италијанец се истуширал и демонстративно си заминал дома со службеното Ауди, додека натпреварот уште се играл.




Сити започна тајни преговори за Рибери

Како што јавуваат некои британски медиуми, тимот на Манчестер Сити започнал преговори со Баерн Минхен со цел да го ангажираат Рибери. Манчестер Сити започнале преговори со Баерн Минхен, со цел да се договорат за да го откупат Франк Рибери.
Тренерот на Сити, Марк Хјуз бил забележан на трибините на Алианц Арената во вторникот кога Баерн Минхен изгуби од Бордо во Лигата на Шампионите.
Баерн во моментов е во тешка ситуација во тоа натпреварување и му се заканува испаѓање уште од фазата по групи, што доколку се случи ќе биде тешко да се задржи Рибери.
Францускиот играч е лут на управата што не разгледале ниту една понуда за него, од неколкуте кои стигнаа ова лето од големи тимови како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Челзи, Барселона…
Но, сега се верува дека Манчестер Сити води во таа трка и се спремни да му дадат на Рибери плата од 200.000 фунти неделно.


 
Мислам дека Рибери не би заминал од Баерн за да игра во некој второкласен тим. Да беше Реал или Барса во ред, ама Манчестер Сити...
 
Лам за изјавата за еден дневен минхенски весник дека Баерн „не купува играчи за претходно договорен формација (се мисли на Робен заради кого сменивме формација во 4-3-3 иако се тренирало пред сезоната со 4-4-2)“ и дека „нема јасна филозофија во играта“ попи казна од 50 000 евра што е и најголема казна во историјата на Баерн.

И Тони казнет за тоа што го напушти стадионот на полувреме.

За Рибери - ако будаливе платат некоја немогуќе сума... ако не примат во ОПЕК или нешто слично нека го шитната ама да видам да не верувам дека Рибс сака во Сити :toe:
 
арно му текнало сам да си оди...секако ќе го шитнеа некаде..добра е полека намалуваме на играчи шо не се потребни..
 
Сега уште фали да се скара управата со Лам и да си замини тој од Баерн, е тогаш ...:pop:
 
Мислам дека Лам е во голем дел во право со изјавите.

Дека Робен беше земен чисто од паника после лошиот старт на сезоната е факт. Екстра играч нема дискусија само се знае дека е створен за 4-3-3.

Континуитет после Хицфлед - слабо. После Магат па ич. Магат - Хицфелд - Клинсман - Хејнкес - вГаал во последниве 4 години беа на клупата на Баерн.

Дека ни фали плејмејкер (од Кроос наредниве сезони очекувам многу... Кроос и Милер!!!) и тоа е факт.

Не се слагам со делот дека немаме доволно класа играчи во моментот. Клосе, Тони и Гомез се напаѓачи што ја имаат потврдено својата класа милион пати до сега - само во моментов не играат ни 20% од тоа што можат. Рибери и Робен се светска класа ама подложни на повреди. Лам е веројатно најдобар на својата позиција во свет - ама сезонава и тој тапка во место со форма и вГаал без врска само го шета те лево те десно.

На овие доаѓаат и играчи како Олич, Тимо, вБомел, Швајни и Алтинтоп кои може не се светска ама се во секој случај класа играчи. Така да квалитет има сосема доволно за да се помине група во ЛШ и да се владее дома.

Каде е проблемот и јас не знам :kesa: Да би се сменел вГаал немам идеја кој да дојде... мислам дека сезонава ќе треба да се истера со него :toe:
 
Изјавата на Лам е сосема на место во сите точки од неговото излагање,освен во тоа дека немаме доволно квалитетен тим.Тука не е во право.Можеби ги немаме играчите од калибарот на Иниеста Чави,но не значи тоа дека не сме доволно квалитетни како екипа.Да не заборавиме,па ние успеавме пред 2 сезони Реал да го тепаме и тоа со таа екипа што ја имавме тогаш,пола пензионери,па да не збориме за сега.

Друг е проблемот......
Според мене најмногу во однос на филозофијата и на креативноста во средината на теренот.

Ние немаме основа,немаме поставеност според која би купувале играчи.Која е логиката да се купи Тимошчук кога Ван Гаал планира да игра со една 6ка.Да не збориме дека од кога дојде се сменија 100 филозофии на игра.
Прво требаше да играме со Рибери како 10ка позади шпицовите,па после 4-4-2,па на крајот 4-4-3 од кога дојде Робен.Од оваа дистанца,ќе беше многу попаметно да се донесе Ван Дер Ваарт.Соогле дека ние 3 пати дали изигравме 4-3-3 формација.

Значи тоа е главната работа.Еве на пример зашто се купи Боровски???Јез да дечкото добро изигра,ама која беше логиката.Само заради тоа што е без пари????
Истото важи и за мнооооогу други утки да не набројувам.
Значи немаме точна агенда последниве години,немаме цврста основа,врз која би граделе тим,туку таа се менува секоја година,и тука е проблемот.Манчестер на пример го продаде Роналдо,ама не ја промени филозофијата,и затоа немаше никакви поголеми потреси.Ние изнакупивме и што треба и што не треба и сега имаме хаос.

Средината е голем проблем.Дечките се изгубени,нема кој да даде топка до нападот,нема никаква визија за акција буквално ништо.Тука ни треба добро појачување.Ние купувај само офанзивци,и дојдовме у ситуација гол да неможе да дадеме.Головите В Бајтен ни ги дава ебаго!!!

Сериозно да размислат од управа,мора да се превземе мерки,да се стабилизира работата,да се среди екипата,зошто вака ќе доживееме крах ако се продолжи во оваа насока!
 
Поради Гомеж, Тимошчук, Прањич, Брафхајд не гледам веќе со ќеф утакмици. Овие плус овие Лел, Отл и други аматери да се продадат одма и после да збориме.

А со нови засилувања нишо не прајме :), се потешко ќе биде да се уиграат. Иако треба да се размислува за Рафиња, Босингва, Иванович, Алекс :) , Озил и Суарез :))))
 
Поради Гомеж, Тимошчук, Прањич, Брафхајд не гледам веќе со ќеф утакмици. Овие плус овие Лел, Отл и други аматери да се продадат одма и после да збориме.

А со нови засилувања нишо не прајме :), се потешко ќе биде да се уиграат. Иако треба да се размислува за Рафиња, Босингва, Иванович, Алекс :) , Озил и Суарез :))))
pak plejmejker zabrae da pises ako nejces da vi gledas tomoschuk pa i vam bomel ne e podobar .Tulalaon i Mutinho :helou::helou::helou:
 
Ajде храбро, сеа ќе му распукаме една петарда на Леверкузен дома.

In Van Gal we trust.:icon_lol:
 
Ние немаме основа,немаме поставеност според која би купувале играчи.Која е логиката да се купи Тимошчук кога Ван Гаал планира да игра со една 6ка.Да не збориме дека од кога дојде се сменија 100 филозофии на игра.

Континуитет после Хицфлед - слабо. После Магат па ич. Магат - Хицфелд - Клинсман - Хејнкес - вГаал во последниве 4 години беа на клупата на Баерн.
Еве ја причината.
Тимо беше веке договорен во фебруари, а кога дојде Ван Гал рече дека нема да му треба Тимо. Се мењаваа тренери без врска секој од нив со тотално различни филозофии.
 
Инаку Крос се разигра, 2 гола во 2 натпревара. И тоа какви голови.:vozbud:

Ќе си го земиме назад.:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom