Фан Клуб: Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата ЧЕНТО
  • Време на започнување Време на започнување

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
УШТЕ ЕДНАШ ПОТВРДЕНО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ГАТУЗО ВО БАЕРН ОД СТРАНА НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА БЕРЛУСКОНИ(МИЛАН)-МЕДИАСЕТ(СКАЈ СПОРТ)!!!!!!!
http://www.sportmediaset.it/mercato/articoli/10894/milan+gattuso+addio

насловот е Gattuso da Napooli:Adio Milan

колку што разбрав од преводот,натпреварот со Наполи веројатно бил последен за Гатузо во дресот на Милан.Потврдено е неговото заминување во Баерн за сума од 20 милиони евра,а тој ќе заработува нешто помалце од 6 милиони евра по сезона.Се очекува уште и официјална потврда од страниците на двата клуба,најверојатно по завршувањето на германската и италијанската лига во сабота.Епа ај со среќа нека ни е и многу успеси со Гатузо!!!!!
 
20 милионииииииии!!!
Ова ич не ми се свиѓа. Па нема он 25 години бе, 30 комада ги има начукано. Не вреди толку, за тие пари ќе земеа по млад и квалитетен играч.
 
Веруј ми таков играч,со таков карактер и искуство нема шанси да најдеш за ниедни пари на светот.Гатузо е уникатен фудбалер и мислам дека е супер одлука неговиот трансфер.20 милиони не се многу за таков играч,кој ќе биде клучен во нашиот поход на европа догодина!!!
 
не ми се верува дека се 20мил ни мене. никогаш нема да се обелодени тоа официјално ама претпоставувам ќе е некаде до 15.

ајде уште еден плејмејкер што може да даде пас ала ефенберг, френки го имаме за "темпо-дриблизни", тони за голови, гатусо и в бомел за тепање.. ммм... топ :helou:
 
не ми се верува дека се 20мил ни мене. никогаш нема да се обелодени тоа официјално ама претпоставувам ќе е некаде до 15.

ајде уште еден плејмејкер што може да даде пас ала ефенберг, френки го имаме за "темпо-дриблизни", тони за голови, гатусо и в бомел за тепање.. ммм... топ :helou:

Не го заборавај и Боровски.Игра фантастична сезона во Вердер и се надевам ќе продолжи така и во Баерн.Он може да игра буквално на која било позиција во средината,такада е многу корисен.После го имаме Гатузо се надевам,В.Бомел,Рибери,Алтинтоп,Соса,Швајнштајгер и се надевам Деко или некој друг ќе видиме.
 
Искрено,не ми изгледа лоша идејата.Сепак не сум за тоа целосно да ја смениме бојата на дресовите,туку тие плави дресо да ни бидат за Лига на Шампиони,и поважни утакмици,додека пак во Бундес да си ја задржиме традиционалната црвена боја.Сепак за Лига на Шампиони ми се доапаѓа идејата да бидат плави дресовите.Барем Тони Гатузо и Рибери ќе се осеќаат пријатно.:helou:
 
Ни малку не ми се допаѓа што се троши буџетот на вакви засилувања.Нас не ни треба човажек со 30 години кој му претстои уште неколку години играње фудбал,а и имаме таков фудбалер веќе.Треба да се вложува во млади таленти како Крос,Соса и Брено.
 
Не се даваат 20 милиони за 30 годишен играч како Гатузо. Да беше трансферов пред две години ајде де, а вака...
А и не верувам дека ќе бидат 20 милиони туку нешто над 12. До 15 милиони. Сега ни фали дете од калиброт на Ефенберг (везњак).
Деко би можеле да го лапнеме.
 
flash.gif
90'Darmstadt4 - 11Bayern Munich
Уат д ФАК ???
Тој Schlaudraf седум гола... ЦЦЦЦЦЦЦ
Браво
 
Ни малку не ми се допаѓа што се троши буџетот на вакви засилувања.Нас не ни треба човажек со 30 години кој му претстои уште неколку години играње фудбал,а и имаме таков фудбалер веќе.Треба да се вложува во млади таленти како Крос,Соса и Брено.

Баш напротив.Еве еден типичен пример.Зошто прошлата сезона Милан освои Лига на Шампиони и го декласираше Манчестер со 3-0 на Сан Сиро,а Манчестер еве ко шо сакаш ти,беше полн со млади таленти,но сепак претрпе тежок пораз.Заради тоа што Милан иако беше екипа со над 30 години играчи,секој од нив беше се непроценливо искуство,знаење,и воиграност.Од следната сезона ќе бидеме без Зе Роберто,и останува само В.Бомел,а добро знаеме какви испади имаше во текот на сезоната кои за среќа не не коштаа скапо.Што значи Гатузо е идеалниот избор за таа позиција која нас ни фали.Има 30 години,можеби меѓу најборбените фудбалери,со огромен темперамент и боречки дух,некој што може да ја понесе играта,особено психички кај играчите,што е од големо значење.Плус има освоено Лига на Шампиони,Светско Првенство,за разлика од Тони и Рибери на пример кои првпат ќе настапат во Лигата на Шампионите.Потегот да се доведе Гатузо е одличен,и ќе се исплати многу.Вие мислите дека само се купуваат незнам играчи ко Рибери,или Роналдо,дека само така може да се успее,ама ако разглеаш убаво ќе видиш дека токму позицијата на Гатузо е една од клучните за успех на тимот.Коа сме кај младите таленти,ти и сам ги имаш напишано,ете ги Соса Крос Брено кои од година во година че стануваат се подобри,осоено по водство на Клинсман кои претпочита млади таленти.Нас ни треба само искуство,стабилност,и уште некој ко Деко,за да имаме комплетен тим за ЛШ.
 
Кое бе тој Schlaudraf 7 гола шо дал колку години има? :)

е касно пали со головите.Го продадовме на Хановер,од догодина ќе иде таму.Добар играч,ама ништо посебно.
 
Abe Gatuzo e teska budala. :vozbud::vozbud::vozbud:

Bas ke mi bide milo da go vidam kako ke igra vo dresot na Baern. Z:
 
Кое бе тој Schlaudraf 7 гола шо дал колку години има? :)
ууууууу ебати ѕверот...инаку има 24 години и za жал ова му е последен или предпоследен натпревар со Баерн...следната сезона оди во Хановер
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom