Ај бе не туку замарајте сите овде за Италија Германија упм. Си имате теми за тоа. Што е, не можете да признаете дека Баерн вечерва го надигра Лион во секој поглед, дека и кога бевме со играч помалку средината не ја поминаа.
Јас сум задоволен со резултатот, како што имав пишано и претходно многу ќе бидам позадоволен со 1:0, одколку со 2:1 или 3:1.
Од играта што ја прикажаа Баварците сум фасциниран, јебига единствено реализацијата фалеше, но сепак ова е полувреме, притисокот е голем, а како што сите знаеме или не знаете, на Милер му е прва професионална сезона, така да, простену му е.
Не знам што има беше на фудбалерите од Лион, не прикажаа ама баш ништо, дали од умор не знам стварно.
Дека е завршено, далеку од тоа, има уште еден натпревар, натпревар во гости. Но досега Баварците покажаа дека воопшто не им пречат гостинските терени, дека можат да постигнуваат голови и дека домашната публика не влијае на нив. Ќе видиме за 6 дена што ќе биде.
За Рибери, не знам што да кажам, стартот беше оштар, но не мислам дека беше намерен, туку повеќе од инерција. Но ајде, црвен заслужи.
Се надевам дека нема да го казнат повеќе натпревари неиграње.
Ај доста е сега, после пак ќе пишам нешто.:smir: