Фала за можноста да објаснам.
Клоп е феноменален. Тој беше даден на Дортмунд од виша сила за преродба на Дортмунд. Тоа го успеа, згора на тоа стана и фан на клубот. Дали има подобар тренер за еден клуб? Нема. Односно дур функционира. Ланската година покаша дека Клоп после седум години со тим кои доживеа релативно малце промени го постигна моментот каде што не може да напредува. По тоа што следуваше искрено му симнувам капа не Клоп. Кажа: Треба да има голема промена за напредок. Или нов тренер или нов (пола) тим. Тоа го кажа како фан. Управата нормално подобро ќе смени 1 него 15 луѓе. И бидна што бидна.
Дојде Тухел.
Морам да кажам дека од спортски аспект сите имаа доверба во него ама важеше како ладен - спротива на Клоп. Во Дортмунд емоциите и идентификацијата со клубот повеќе вредат од пласманот. И имаше скепца према Тухел. Ја бев најголем поддржувач на Клоп, она смрт или слобода на спортски план - или со Клоп или никаде. АМА. Големо ама: Тухел успеа после пола година никој да не го бара повеќе Клоп. Има и причина за тоа.
Ете морам да пишам пофалба за Тухел а не знам со што да почнам.
Како прво го воскресна летаргичен Дортмунд. Тухел моментално има изиграно рекордна година со БВБ. Олку бодови во овој момент немал Дортмунд ни во рекордната сезона под Клоп иако има досега изиграно 50 партии сезонава.
Потоа со релативно тенок кадар успева да има малце повреди и да ротира. Подполно дава предност на форм него на имиња. Клоп не успеа во тоа.
Ги направи подобри многу играчи: Шмелцер, Хумелс (сега), Мики, Оба, ...
Дортмунд успева со леснотија да игра против бункертимови. Лани и со бункер на Напредок не ќе можеа да победат.
Целосно се идентификува со тимот и клубот исто како Клоп.
Тухел е целосно афтентична личност и ги третира сите играчи исто.
Тухел успева да донесе победи со замени (денес Кагава и Рамос).
Тимот н Тухел имаше многу пресврти годинава. Под Клоп, тимот ретко правеше пресврти.
Итн. итн.
Клоп е легенда на Дортмунд и нема да кажам лошо за него оти има заслуги огромни, најмногу од сите тренери пред него. Ама Тухел е апгрејд моментално. На крај ќе резимираме после ерата на Тухел, дали тој или Клоп бил поуспешен. Што сега можам да кажам е дека и двајцата во вистинско време се нашле на вистинско место.
И така сме овде кај Баварците: Ако Геце дојде во Дортмунд вгодина и титулата во лигата ќе ви ја одземеме.