Сега може нешто да се напише..
Бенатиа на лето продавање обавезно.Се шпекулира нешто Јуве 30 милиони.За 20 нека го дадат. Можеби приметивте,можеби не ,ама вториот гол е на душа на Бенатиа. На пола центар можеше да го сопре Мората,а тој ја помрдна ногата како некое манекенче.Мислам дека се плаши да влезе во дуел,поради честите повреди.Продавање обавезно!
Додуша 5-6 души беа,ама тој ја имаше најдобрата позиција за да ја запре убитачната контра.
Нојер..

Кога ќе видиш,тој не спаси денес ама тој киксот со пасот до Рибери беше или не хмм,страшно нешто..Му се дереше на Чаби после што му ја врати,а и во право беше.Рогни ја таму во аут,ама па и Нојер можеше тоа да го направи.
Чиста среќа што досуди офсајд,пепел ќе беше работата. Сигурен сум дека е по барање на Пеп,ама еби го Пеп,деганжирај тука.Го има Лева во напад,а Лева нема топка што не може да ја смири,типот е лудило.Нога,гради,глава..Ја лепи топката,ама пак ќе напоменам,ова е масло на Пеп.Се надевам Карло ќе ја среди оваа ризична пас игра на 20 метри од голот.
Алаба сере многу.Алаба кога е подефанзивен ме потсеќа на Бадштубер во првата сезона.Илјада пасови до голман.Падна малце во форма и самодоверба.Премногу ротации му прави Пеп,тоа е главната причина.Истото што го направи со Лам.Лам е очај невиден.Можеби ќе се поправи со Карло,ама ако се донесе саглам десен бек,пола сезона може да ја преспие на клупа.
На Кимих нема што да му се замери бидејќи денес не направи кардинална грешка,туку беше оставен сам да го брани голот од јуришната банда предводена од Мората.Мората изигра страшно,а јас баш од него се плашев.Не сакав ич да игра,ама јасно беше после повредите на Дибала и Манџо.Не ни одговара силен напаѓач,кој воедно е и доста брз.
Чаби. Некоја понуда од МЛС или кинески клубови да не имаш хмм ?
Најфаталната грешка во историјата на Баерн под водство на Пеп.Чаби оваа сезона е играч од клупа,а тој го игра пред Тиаго втф!Ниту ја олесни играта со сигурни пасови,ниту спречи некоја контра.Ненормална грешка.Јас да бев тренер,уште во 15-та минута ќе го извадев.Не воспостави никаква игра,го растурија како мало детенце.
Место Видал да го игра како последен играч,ем ќе ровари низ средината,ем 100 пати појак е,тој со Чаби стартува.Тиаго на клупа за да игра "искусниот" Чаби.Мрш бе све ти ебам,лани ни ја поеба сезоната во ЛШ,сега за малце пак!!!!
Да не му се повтори оваа грешка пак,све ќе му ебам.

Видал имаше доста офанзивни задачи,така да,не може да му се замери за многуте контри на Јуве.Видал е МОТМ можеби.Пресечување пас ала Хави Мартинез.
Коман изигра супер.Форсираше доста,а се очекуваше такво нешто.Загреан беше и тој како Видал.
Коста дрн дупка до 70-та минута.Ретки се јужно-американците кои знаат да поднесат притисок.Додека Робен и Рибери беа повредени си газеше,после му се стврдна гомното.
Додавањата и нафрлувањата му се како да сака да те убие,скроз со цела сила што ја има во ногата.Којзнае главата колку му боли на Лева.

Да се разбереме,Коста изигра чист просечен натпревар.Мора да се поправи,со ваква никаква игра ништо не прави.
Сепак од него почна се.Еднаш да нафрли како што треба.Чисто на среќа беше.
Лева и Милер класа играчи.Милер никогаш не треба да се заменува во важен натпревар,тоа е јасно веќе.Ако досега не беа сигурни,сега веќе се. Милер е роден под некоја среќна ѕвезда.
Топка не фати,даде гол и асистираше кога беше најбитно.Пасот до Тиаго беше перверзии,не ми се веруваше дека може да изигра таков дупли пас.Дури тој му даваше знаци на Тиаго за да му додаде.
Бернат кога ќе го споредиш со тоа што изигра во прво Бенатиа,тоа е разлика магаре и козметика.Со Бенатиа примавме уште еден гол,му ебам мекушот.Повредите си го направија своето,не беше ваков кога дојде.Доста пргав играч е,а ова што го игра сега е како да преде некое маче т.е како Лам.
Рибери!
Очигледно не е спремен,ама се бореше како лав.Тие 10 минути во продолжението што ги изигра,"истрча повеќе од тие во регуларниот дел".Какви спринтови правеше.

Иако не успеа ништо да направи,Рибери е бог и батина.Не можеше да оди откако излезе,се пресиса.
ТИАГО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Милер кога даде гол,тој прв стигна таму да се радува со него! Колку го сака тимов папапапа.Вчера изјави дека неговата намера е да остане во Баерн многу,многу години.




Голот беше голем буст за екипата,а и за неговата самодоверба.Малце беше паднат,налик на Алаба ама класа си е класа.Двата гола на гости по негова заслуга.
За Јуве што да се рече,освен тоа дека Џиџи е легенда.Играч што не провоцира,барем јас не сум го видол.Ја смири одма тензичната ситуација кога Милер падна над него,а Милер ништо не му направи.
Мората не растури,тоа е јасно веќе.Да играше тој до крај,можеби пак ќе направеше проблем.Манџо очигледно не беше фит,а и нема брзина.Заза е побрз,тој ќе беше подобро решение.
Погба изигра исто многу добар натпревар.Кога сака да помага дефанзивно,Погба е еден од најјаките на негова позиција.А не е заинтересиран секогаш.
Највеќе мерак ми се прави за чамугата Евра.Какво копиле,провокатор пар екселанс.Душата му ја извадија Баерн веќе неколку години.Тоа го мачи најверојатно.
Два гола ни подари денес,мора таквиот убав гест да се памти.
По можност да ни се паднат Бенфика или Волфзбург.Барселона во рана фаза ќе не спакува по брза постапка,барем така изгледа моментално.
Иако ЛШ си е ЛШ,тука се случуваат секакви чуда.
Хави ќе се врати сега,Гетце веќе се врати и останува уште БОА.Тој е најважниот играч моментално.Хави и Боа во одбрана е нашиот најдобар тандем.Пред нив Видал и тоа изгледа прилично сигурно.

Само да останат живи и здрави Робен и Рибери,без нив тешко.
Нека го пушти Ташчи против Келн,нека го спреми и него,што подолга клупа,тоа подобро.Коман ќе игра од прва минута против Келн.