Давид Алаба денес полни 22 години, нека му е среќен и да продолжи да гази
На 9 јули започнуваат со подготовките, најверојатно со Рибери. Тиаго нема да може од 9 јули да тренира, една недела подоцна ќе се приклучи најверојатно.
Играчите кои ќе започнат со подготовките од првиот ден:
------------------------Штарк
Рафиња------Нов стопер------Бадштубер-------Алаба
------------Хојбјерг-----Мартинез------Роде
------------------------Рибери
---------------Пизаро--------Левандовски
Очекувам Хојбјерг повеќе шанса да добива во новата сезона. За Мартинез не знам дали ќе има 2 или 3 недели одмор, ако не започне на 9-ти јули тогаш значи една недела подоцна сепак подобро што испаднаа порано Шпанците. Исто се надевам дека и Холандија ќе бидат елиминирани од Мексико во осминафиналето во недела па и Робен побрзо да се врати во Баерн.
Инаку од следната сезона ништо чудно Пеп да игра почесто со формација 3-6-1 како и што играше во финалето од Купот против Дортмунд. Еве и на СП Холандија, Мексико и Чиле ја практикуваат таа формација што му дава потврда и на Пеп сигурно да продолжи и во Баерн така да игра понекогаш во зависност од противникот.
Пример:
---------------------------Ноер
---------Боатенг------ Мартинез-------Данте
Лам---------------Швајнштајгер-------------Алаба
Робен--------------Тиаго---------------Рибери (Гетце)
-----------------------Левандовски
Покрај Манџукич мислам дека и Шакири и Контенто ќе бидат продадени.
Денес во 12ч. ќе дознаеме против кој тим ќе ја отвориме 52-та бундеслигашка сезона. Се надевам нема да биде Падерборн или пак Дортмунд. Некој тим од средината на табелата добро би било за отворање на сезоната на 22 август.