B
Borg_Drone
Гостин
Имајки во предвиде каков невиден перфекциониста е Пеп Гвардиола ми се чини дека ке дојде време кога фудбалерите на Баерн ке стигнат до гол-линијата на противникот и наместо да ја внесат топката во гол тие ке ја вратат назад на својта половина , бидејки вели фудбалот "не се игра за голови" туку за посед на топка , беше доста ироничен но во исто време и доста реален Пол Брајтнер во изјавата во која на вистинки начин ја отсликува веќе досадната игра на Баерн со кратки и безборј пасови со која само произведуваат посед на топка и ништо друго, Поздрав Баврци да сте живи и здрави .
Па токму и тоа го прават, и на нас од форумов веќе тоа ни е јасно и не треба да си голем експерт за да можеш тоа да го препознаеш, и на лаиците им е јасно ова.Навлегувањата во шеснаесетникот најчесто се одвиваа преку Робен и Рибери, од крилни позиции и затоа на крајот против Реал овие двајца не можеа да мрднат зошто беа веќе прочитани, иако Робен и не е толку за критика зошто навистина се трудеше, секоја чест, од најголемиот егоист и губитник и промашувач на златни шанси стана ѕвер-играч и тоа под капата на Пеп.
И јас искрено би му дал шанса на Гвардиола зошто сепак под негова капа се освоени три трофеи сега да, тоа е вистина и што е најважно им се одмаздивме на Челзи, на истиот начин како што тие нас нè победија во 2012 година,
ама во Купот против Дортмунд мора да покаже на дело Гвардиола дека е повеќе иновативен односно дека знае многу повеќе од тики-така.Зошто ако не го покаже тоа тогаш тоа ќе значи дека или тој навистина не знае ништо друго да игра или пак дека е преголем егоист а тоа се многу лоши работи, најлошите за еден тренер и тогаш ќе биде подобро едноставно да му се заблагодариме и да го пуштат да си оди, зошто ако и идната сезона го игра истово нема никаде да стигнеме, типичен пример е Мурињо за ова, Мурињо не мрдна од неговата игра и затоа сега ги трпи последиците за тоа, верувајте кој сака нека ме критикува ама тоа е реалноста.Гвардиола докажа дека има капацитет да биде тренер, ама некои работи мора да ги промени и тоа пред сè, најмногу кај себе.
