Крос е ризик јак,мила душа.
Ама дечкото си одигра покер на првиот натпревар од првата полусезона а зимскиот трансфер период се уште отворен.Агентот беше седнат на неколку места од Кале,Хенес и Дресен во друштво со Мојс.Директен напад.Мислам дека лош покер одиграа со SportsTotal контра раководоството на Баерн.Лошо одигран трнот.Им останува уште риверот.
Знаеме дека истава агенција го застапува и Гетце.Знаеме исто така дека сакаа да постават клауза.Но што се случи ?
Гетце потпиша без клауза.
Значи тие пробаа да ги замрсат сметките и со Гетце,но најверојатно неговата желба да премине во Баерн беше поголема,па не беа во можност да направат поголем притисок и останаа со прстот в уста.
Во овој случај мислам дека Крос игра заеднички со нив.Баерн може да изгуби одличен играч,но не треба да му се покори.Крос би земал поголема плата,ама нема да биде тоа тоа подалеку од Баерн.
Ако замине,ќе замине во најголемиот подем во историјата на Баерн.Не му е сеедно ни него.
Според мене,тој повеќе ќе изгуби.Тимов одигра супер и без него.Нема да биде ништо чудно и да не се адаптира во новата средина.Нормално,ова "доколку замине"е муабетот.Ама уште не е јасна судбината.
Како што се вели дека Гетце зема 7 милиони,да сум ја на местото на Замер не би му понудил повеќе од тоа на Крос..Да бидеме искрени,не заслужува над тоа.Робен со новиот договор ќе заработува 8 милиони.Крос нема толкав импакт како него.
Иако делува како дух често во натпреварите,јас го оправдувам бидејќи тој има задача воглавно да ја пренесува топката и да дели прецизни пасови.Стварно го почитувам,играчиште е,ама па не знам што одигра така глупо,а имаше одиграно највеќе.
Се смири ситуацијата околу Данте,ама изгледа и тој сакаше некоја офанзива да направи.
Замер ја спушти топката,па сега Крос треба да каже што како.Има "војна" преку медиумите,а Замер за тоа е махер.
Чука на вратата Хојбјерг,а и баш таа позиција ја игра тој.Најпрво играше како полушпиц,потоа малце подоле и се врти дури и како ДМ.Но оригинал МЦ е.Новиот Крос,но делува многу поексплозивно.Го има стилот на Мартинез,за тоа малку што го имам гледано.Игра без страв.
Шансата за Хојбјерг да успее е огромна,ако остане Крос обавезно да се пушти на калење.Екичи одлично помина во Нирнберг,за Алаба да не зборам во Хофенхајм,иако играше во средината.А Крос во Леверкузен растури.

Ќе има огромен интерес за негова позајмица од бундеслигашите.Баерн кога праќа,праќа саглам играчи.Гладбах,Аугзбург и Маинц ми изгледаат како тимови во кои би се вклопил одлично.
Исто и за Грин.Обавезно да се прати на позајмица,ќе експлодира.Да не чекаме да биде late bloomer.
Шопф исто го земаа во Трентино и Доха.20 години наполни.
Не знам каква ќе биде иднината со Ранковиќ,ама во 23 натпревари 14 асистенции.Левиот бек Салахи тренира со првата екипа.Може го спремааат за замена на Алаба.Маркуц и Хаглер се исто така најавени таленти.
Сите овие се во најдобрите години,доколку не влезат трета лига Баерн II,со останување само може да стагнираат.
Иако најпрво да видиме дали вториот тим ќе напредува и дали ќе оди во 3-та лига.Изгубија од сите ривали,тоа е лошо,иако се прво место се уште.
Доколку влезат трета лига,и тука може да ги остават,сепак тоа е професионална лига.А четвртата не е.
Инаку единствениот поасален играч од одбраната,Бено Шмитц ќе оди во Салзбург од на лето,а ќе игра за вториот тим најпрво т.е за Лиферинг.
He also talked about TV-Expert Francois Gallardo who was expecting that Javi will go to Madrid and Muller to Barca,
"I don't know this guy and I don't know his mental abilities
, he talked about Javi and Muller, and just thinking for second that they could do that upsets me a little bit".
.
Браво жути,легенда со нецели две години.







