Крос ќе игра доколку Пеп се реши со Гетце напред. Само во тој случај. Може и со Милер да изненади напред. Пеп си кажа дека во зависност од противникот одлучува дали со Манџукич или Гетце. Но, понекогаш ќе изненадува и со Милер. Е сега според тоа што се во страшна форма стоперското дуо Мертезакер и Кошчиелни мислам дека ќе игра (и треба) со Гетце како лажна 9-ка или Милер. Нешто сосема неочекувано и неспремно за Венгер и централните дефанзивци на Арсенал. Зашто ако игра Манџукич полесно ќе се справат со него, знаат шо треба и знаат што да очекуваат од него. Е со Гетце напред мислам дека по би ги збуниле и нема да знаат на кого баш да се сконцентрираат и чуваат. Мислам дека со Гетце напред ќе започнеме, низок е, а тие двајцата високи и полесно ќе се справи, а Манџукич ќе си има проблеми со тие двајца. Верувајте ми во страшна форма и уиграни се затоа треба со Гетце, играч кој знае да издрибла два-тројца и да постигне гол, нешто кое Манџукич не може, не особено со Мертез - Кош.
А за Швајнштајгер искрено не очекувајте да го игра првиот натпревар.