Не дека којзнае колку добро ги игра натпреварите против Дортмунд(финалето во ЛШ го одигра одлично) ама Рибери ќе фали.Да играше Пишчек тешко дека ќе направеше нешто од неговата страна но барем се префрлаше и ја дуплираа десната страна со Робен па таму му правеа проблем на Шмелцер.
Кога не игра Рибери Баерн шкрипи во офанзивата и сите што го заменуваат на таа позиција после имаат недоразбирање со Алаба,па Алаба игра слабо.
Значи сега формацијата би требало да изгледа вака :
Нојер
Лам Боа Данте Алаба
Мартинез
Крос
Робен Милер Гетце
Манџо
Робен е човекот,тој ако не игра е тогаш ќе биде голем проблем.Тој е месијата за жолтите.
Ако отиде Пеп пак со некоја трансформација и го игра Рафиња како десен бек,тогаш и Робен ќе има проблем со него.Лам ако игра на природна позиција ќе ги растурат дефинитивно по десната страна.Тие немаат добар лев бек за лек..
За победа над Дортмунд се потребни Лам како десен бек,Мартинез и Робен.Доколку еден од Робен и Мартинез не игра,јас не очекувам победа.
Не знам што да очекувам од Гетце,но мислам дека ќе изигра лоша партија(нормално доколку почне а така изгледа кога Рибери го нема).Можно е да добие и backfire ако почнат да му свират и слични срања да
прават.
Со Робери тепавме сигурно ама повредиве годинава многу се зачестија па никогаш екипата не е фит и се случуваат секакви ротации што ме збунуваат околу конечниот исход. Ќе фали и против ЦСКА,бидејќи најверојатно нема да игра.Победа над Дортмунд и бегање на 7 поени,па 10-та рекордна победа во ЛШ против ЦСКА ќе биде одлично.