Ајде малце за утакмицава:
Ноер одличен, после секој кикс после е сигурен, не дека шутнаа Дортмунд ама барем нафрлените топки ги фаќаше. Може негде да го даеме на позајмица, да побрани, ќе заборае да се џитка.
Одбраната стабилна, освен еднаш Ројс на Бујтен шо му зема топка оти е спор немаше кикс. Алаба рутинирано против Гетце кој често беше десно, мислеше дека ќе помиме кај Алаба веќе коа Данте и Мартинез го убија.
Швајни, тоа се очекува, лидерски, какви топки за Милер и Мартинез, Чави неможе такви да дае. И на крај кога ги издрибла и кога му ја нацрта топката на Манџо на глава. Легенда.
Мартинез е КАРПА! Неможе да се мине, неможе да се надскока, неможе да се истурка. Колкав е Лева, а во воздух го дигна. Ако е толкав вол, ама топка смирува и техника има. Шпанска школа.
Робен добар, тимски играше, ама многу испромаши и еднаш чиста топка не му даде на Манџо.
Милер и Крос повеќе у одбрана придонесо неголи во напад.
И за крај, Марио Манџукиќ. Немам видено таква животина, на секоја топка оди како последна. На Суботиќ сврбоно маме му еба!!! Го имаше насекаде, у милијарда воздушни дуели.
НО, сепак да не ги фалиме многу, испромашија многу шанси, и треба да го поправат тоа. Не смее такви чисти шанси да промашуваме.